Yon Idy го издаде неговиот најнов сингл In My Head кој премиерно го изведе во живо на 5 август на Sunny Hill Festival, фестивал основан од Dua Lipa и нејзиниот татко Dukagjin.
Неговиот последен сингл, In My Head, e поенергичен и посмел од претходните со полесен инди-поп звук. In My Head е меланхолично патување низ опсесијата за изгубената љубов, истражувајќи ја фазата кога не можеме да се ослободиме од сеќавањата. Јон пее: Grab hold of my mind, throw it in the streets, say it’s not your time, no / Yet you’re so kind, I’ve seen it bleed when things are fine.”
Indie top 39 за Yon Idy вели: „Со едноставен, но многу заразен мелодичен звук, Idy му дозволува на својот глас да блесне – и токму неговиот вокал е она кое сметаме дека ќе го однесе до врвот. Тој успева да го одведе слушателот на авантура со ролеркостер од љубов и загуба, пронаоѓање на доброто, и на крај пронаоѓање на мир.“
Yon ќе ја заврши бурната сезона од турнеи ова лето со настапи во Данска и Шведска, каде ќе настапува на Live at Heart Festival во Оребро.