ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Красниќи: Косово и Северна Македонија преговараат за размена на јаглен и струја

August 11, 2022 08:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи најави дека наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на јаглен, а дека меѓу оние што пројавиле интерес за купување е енергетската корпорација на Северна Македонија – ЕСМ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за приштинската КТВ, Красниќи изјави дека и досега постоеле преговори меѓу корпорациите на двете земји за размена на јаглен и електрична енергија, но дека нема конкретни договори. Тоа, според Красниќи, меѓу другото, се должи и на големата побарувачка за струја во Северна Македонија.

Тој вели дека КЕК ги информирала македонските партнери оти ќе биде објавен тендер, додека тие изразиле интерес за купување на косовскиот јаглен.

Сме разговарале со водачите на македонската енергетска корпорација за можноста од размена на јаглен и електрична енергија, но во моментов не гледаме многу можности да ја реализираме таа размена, затоа што и тие имаат големи побарувачки за електрична енергија. Меѓутоа, разговорите продолжуваат и во иднина може да очекуваме нешто такво. Тоа што се договоривме е да објавиме тендер за продажба на јаглен и тие изразија интерес да дојдат и да купат јаглен од нас, рече Красниќи.

Тој додаде дека критетриумите на тендерот се определени, но дека подоцна „пазарот ќе каже која ќе биде цената на продажбата“ на косовскиот јаглен.

Во однос на размената не е дека сме направиле некаков договор, бидејќи и тие (македонската страна) во моментов немаат доволно електрична енергија, рече Красниќи.

Тој напомена дека Косово, сепак, не е подготвено за извоз на големи количества на јаглен, а ги негираше и наводите во некои медиуми дека имало барања за увоз на јаглен од Србија.

– Нашата опрема и сета инфраструктура не се подготвени за извоз на големи количества јаглен, меѓутоа барања на пазарот има поради светската енергетска криза. До нас како корпорација не е стасано ниедно барање од никого од Србија кој би барал јаглен, рече Красниќи. 

Next Post

„Радев, надвор!“ - Протест во Софија поради можното обновување на испораките од руски Гаспром

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

Два антикоагуланси на рецепт од аптека од крајот на ноември

October 31, 2025
Фото: Кабинет на Претседател

Сиљановска-Давкова на одбележувањето 25 години од Резолуцијата 1325 на ОН: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk