ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

МЖСПП: Координирани и засилени активности за справување со отпадот

„Дрисла“ ќе ја посетат и стручните лица од MЖСПП и Државниот инспекторат за животна средина, но директорот ќе ги отвори вратите за увид во состојбите и за претставници од невладиниот сектор, со цел обезбедување транспарентост и контрола на работењето преку вклучување на сите релевантни чинители и јавноста.

January 28, 2020 11:24
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во текот на вчерашниот ден одржа средба со новоименуваниот в.д. директор на „Дрисла“ – Скопје ДОО, Коста Начевски, на која беше разговарано за првичните негови согледувања за затекнатата фактичка состојба на теренот на депонијата, односно видот, потеклото, количините и начинот на третирањето на отпадот, како и предизвиците во управувањето со претпријатието, соопшти МЖСПП.

На средбата, како што наведуваат во соопштението, било договорено дека министерот ќе оствари посета на „Дрисла“ до крајот на работната недела. „Дрисла“ ќе ја посетат и стручните лица од MЖСПП и Државниот инспекторат за животна средина, но директорот ќе ги отвори вратите за увид во состојбите и за претставници од невладиниот сектор, со цел обезбедување транспарентост и контрола на работењето преку вклучување на сите релевантни чинители и јавноста.

Посебен фокус за време на разговорите бил даден на статусот на реализација на инвестициските активности од оперативниот план на депонијата, со цел унапредување на процесот на третман на отпад, третманот на медицинскиот отпад, трeтманот на депонискиот гас, обезбедување на секундарната селекција, намалување на количините на отстранет отпад и, пред сè, спречување на штетните влијанија врз медиумите на животната средина.

Министерот Нуредини остварил координативна средба и со директорот на Царинската Управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски, на која детално биле разговарани начините на вршењето на надзор врз количините на увезен, транзитиран и извезен отпад на територијата на земјата. Притоа биле разгледани моменталните пракси на спроведување контрола, како и донесени заклучоци за преземање активности за зајакнување на соработката помеѓу стручните служби во Министерството, Царината и инспекциските служби, преку прецизна регулација на процедурите за соработка, известување и вршење надзор над пратките на отпадот.

– Министерството во моментов работи на проверка и ажурирање на податоците во однос на видот и количините на увезен, извезен и транзитиран отпад низ територијата на земјава, односно регистрите со правни лица кои поседуваат дозволи за оваа намена. Истите ќе бидат споделени со јавноста во најкус можен рок. Во меѓувреме укажуваме дека согласно постојниот закон, во земјата е дозволен единствено увозот на отпад што може безбедно да се преработи, без опасност од загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, да се користи како суровина или да се користи како извор на енергија (согласно ЕУ карактеризациите за алтернативни горива), се додава во соопштението.

Next Post

Вистиномер: Портали ги слушаат само бомбите на „Ла Верита“, но не и изјавите на Заев

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk