ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И Аеродром со интервентни мерки против загадувањето

– Продолжуваат зголемените инспекциски контроли на градилиштата и субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби, работниците на отворено ќе работат од 11 до 17 часот, бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски, а се одложуваат активностите на отворено доколку не се итни, се наведува во соопштението.

January 28, 2020 11:42
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Соодветно со препораките на централната и градската власт, и Општина Аеродром ги активираше дополнителните интервентни мерки против загадувањето. Општина Аеродром, како што информираат во соопштението, ги запира сите градежни активности на градилишта под своја надлежност, ги задолжува сопствените служби да продолжат интензивно да ги чистат јавните површини, а се намалува до 50 отсто употребата на службените возила.

– Продолжуваат зголемените инспекциски контроли на градилиштата и субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби, работниците на отворено ќе работат од 11 до 17 часот, бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски, а се одложуваат активностите на отворено доколку не се итни, се наведува во соопштението.

Овие мерки, како што информираат од Општина Аеродром, се воведоа веднаш по известувањето од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум.

Општина Аеродром е посветена на борбата против загадувањето преку целата година. Локалната самоуправа реализира мерки, меѓу кои набавка на прочистувачи за воздух во сите градинки, субвенции за печки на пелети, за чистење оџаци, за велосипеди и за инвертер-клими за индивидуалните домаќинства, набавка на нови 5.500 високостеблести садници и дополнителна механизација за чистење на јавните површини.

-Една од главните ставки предвидени во буџетот за оваа година е токму заштита на животната средина и повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето, зашто се обезбедени дополнителни 27,7 милиони денари. Исто така, во програмата за паркови и зеленило се предвидени средства од 70 милиони за изградба на три нови парка во Мичурин, Стар Аеродром и Острово, се додава во соопштението.

Next Post
Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ / фото: Wikimedia commons

Индекс: Пленковиќ го смени министерот за здравство

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk