ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

ВМОРО го потпишала Букурешкиот договор

August 14, 2022 15:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

„Разните фракции во Македонската револуционерна организација не го сфатија меѓународниот контекст (Мирцштегски реформи) така што по Рилскиот конгрес (1905) и по Ќустендилскиот отцепнички конгрес во Жабокрт, таа отворено се ориентира во прилог на обединистичките стремежи на Бугарија…

Во такви внатрешни и меѓународни околности, Македонија остана без легитимен субјект што по балканската воена кампања со компетенција и легитимитет би настапил пред меѓународниот ареопаг.

Македонската револуционерна организација имаше некаков историски легитимитет, но нејзиното ново раководство, што формално декларираше некаква борба за автономија на Македонија, во континуиран договор со бугарската влада, самата правеше подготовки за војна и обединување на „македонските Бугари“ кон Бугарија, не согледувајќи посебен ентитет во македонскиот народ, јазик, историја и култура. За автономијата се сети дури по поразните резултати од Првата балканска војна, кога македонската територија беше веќе фактички поделена и разграбена. Тогаш оваа организација пак се јави како орудие на софиската политика за подготовка и изведба на нова меѓусојузничка војна за прерасподелба на територијата.

Втората меѓусојузничка војна ја окрвави Брегалница, а Бугарија претрпе катастрофален пораз. А ВМОРО веднаш, пак, повика за нова борба за автономија. Со тоа Организацијата целосно го загуби легитимитетот за настап од името на македонскиот народ во Букурешт и се појави како недеклариран партнер на поделбата, ставајќи го потписот на Букурешкиот дговор во рамките на бугарската делегација…”

Ова е дел од рефератот на академик Блаже Ристовски на македонско-рускиот научен собир што по повод сто годишнината од потпишувањето на Букурешткиот договор, се одржа во Скопје во јуни 2013 година.

Зошто го цитирам?

Затоа што 110 години потоа, многу работи се исти. Само што на патот на тие политики стои Република Северна Македонија.

Борбата, не на вмро-дпмне и на простоќата собрана во оваа инсталација, туку со вмро-дпмне, со помош на вмро-дпмне, се води со декларации кои имаат за цел да произведат сосема спротивни резултати.

Трагикомичната битка против асимилацијата има асимилаторски цели.

Колку повеќе се разгорува битката против асимилацијата односно против Европа и против Бугарија, толку повеќе Македонците стануваат помалку Македонци и колку повеќе во таа битка се вклучуваат учените луѓе и оние кои до вчера беа нормални Македонци, толку резултатите ќе бидат попоразителни.

Идејата е во новите внатрешни и меѓународни околности, „Македонија да остане без легитимен субјект што по скопската идиотска антиевропска кампања, со компетенција и легитимитет би настапил пред меѓународниот ареопаг во Брисел“.

Како и пред 110 години.

А како емотивна компензација за таа елиминација од меѓународната сцена, да го добие чувството што го предизвикува борбата за правдини.

Како тема за новите народни песни и ора.

Хахаха!

Која закономерно, исто како и пред сто и десет години, ќе заврши трагично.

Ако не се напушти.

Борбата е за ревизија на македонскиот национален и државен проект.

Од внатре.

Неколку пати сум пишувал: Одмазда за асном како врвна изневера на вмровските принципи во кои македонската држава и уште повеќе македонската нација, се незамисливи, освен, како некаков смртен грев или грев доволен за смрт.

Да се стигне, не до одбрана, туку до растурање на посебноста на македонскиот народ, јазик, историја и култура. Меѓу другото, и така што ќе се карикатуризира, дезелитизира, фолклоризира, конфронтира, одлепи од светот, односно така што ќе му се помогне да се ослободи од субјективитетот на модерен национален феномен.

Тоа се изворите на македонската драма во сиве овие 30 години.

И под Љупчо, и под Никола и под Жмицко.

Дури мислам дека и враќањето на власт не е примарно. Примарен е овој процес кој од позиција на опозиција го развиваат исто така успешно. Можеби и поуспешно затоа што можат да го прикажат како критика и борба против власта која е, нели, предавничка и антинародна, тралала, а тоа има сериозни мобилизирачки капацитети. Има сила да ги ангажира сите незадоволни. Особено инфантилните. Така се легитимираат блокадите, луѓето ги поздравуваат како чин против власта, а не против државата.

Итн.

Комплетната контрола над медиумите не е само коњ со кој ќе се оди на победа во трката за власта, туку моќен инструмент за кретенизација на луѓето, за цел еден социјален инженеринг со кој се растура како бугарска скупштина, супстанцата на нацијата. Таа престанува да постои не кога ќе ја избришат од некој меѓународен регистер туку кога престанува да разликува добро од зло, убаво од грдо, паметно од глупаво, лажно од вистинито, тиква од лубеница, говно од мафин…!

А голем дел, како што гледаме, не разликува.

Во Македонија има секакви скотови, но мислам дека многу мал е бројот на оние кои вистински се против  Македонија. Мнозинството е против слабостите на државата и за таа критика имаат добри основи. Но, проблемот е во тоа што дозволуваат да ги мобилизираат во трагичните проекти на вмро. Нивните намери се благородни, но во голем дел наивни, простодушни, нереални. Не водат сметка за контекстите и ресурсите.

Но, сѐ поширок е кругот на оние кои почнуваат да ги разбираат овие работи. Оние кои од фолклорното и митско ниво се искачуваат на политичкото ниво на толкувањето на македонцките работи. Тоа ме охрабрува. Тоа е начин да се ослободиме од моќта да расправаат за иднината на државата оние чии идејни родители се убивале да не ја биде. Од бугаризација да ве спасуваат оние кои сто години биле за тоа. Клубови на фашистички типови да формираат оние кои ќе ве спасуваат од асимилација. Оние кои тоа го прават, не за да ги афирмираат правата на Бугарите во Македонија, туку за да ја компромитираат државата. Што дури и Еврејската заедница во Македонија си дозволува да не го разбира.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка, потврди дека референдумот е за негова лична внатрепартиска употреба

Shortcut

Најново

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk