ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Зеленски: Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата на и околу АЕЦ Запорижја може да гарантира враќање на нормалната нуклеарна безбедност

August 18, 2022 12:31
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Украинските дипломати, нашите нуклеарни научници и МААЕ се во постојан контакт, сега работат на испраќање на мисијата на МААЕ во АЕЦ Запорижја. Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата во и околу АЕЦ Запорижја за украинската држава, за меѓународната заедница и за МААЕ може да гарантира постепено враќање на нормалната нуклеарна безбедност“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Тој нагласи дека руската армија мора да се повлече од територијата на АЕЦ и од сите соседни области и да ја одземе воената опрема од станицата. Тоа треба да се случи без никакви услови и што е можно поскоро.

Зеленски истакна дека Украина е подготвена да обезбеди соодветна контрола од страна на МААЕ, а соодветната мисија може да биде испратена до АЕЦ Запорижја на легален начин, многу брзо и што е можно поефикасно.

Соопшти и дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе пристигнал во Украина и ќе работат на потребните резултати за Украина.

Тој ги повика Чилеанците и сите слободољубиви луѓе во Латинска Америка да ја шират вистината за војната на Русија против Украина и да ја поддржат политиката на санкции чија цел е терористичката држава да плати највисока можна цена за теророт.

Претседателот информира дека потпишал нови укази за наградување на украинските војници. На 230 војници на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди, од кои 43 постхумно. Исто така, на 24 вработени во Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина им беа доделени државни награди.

Сите наши војници – нашата армија, нашето разузнавање, граничарите, Националната гарда, СБУ и сите вклучени во заштитата на нашата држава и народ прават се што е можно за да ги победат руските терористи и да ги истиснат од украинската земја, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател информираше за најтешките борби во моментов кои се водат од Авдијивската насока, Бахмутската насока, Харкивската област и некои други. Се заблагодари на сите што го издржуваат овој притисок, што ги бранат позициите и им помагаат на војниците. Во Запорижската област, посочи Зеленски, во некои региони на југот на земјата, окупаторите се обидуваат да ја подобрат својата состојба, но стратешки тоа е безнадежно за нив.

Украинските војници чекор по чекор ќе го уништуваат потенцијалот на окупаторите и ќе дојде ден кога непријателот ќе загине во Запорижја, на југ, на исток од земјата и на Крим. Напаѓачите ќе умрат како роса на сонцето, а нашата одбрана è и ќе биде ова сонце, дециден е Зеленски.

Извор: ЦивилМедиа

Next Post

Децата повредени во несреќата на српскиот автобус во Бугарија можат безбедно да се превезат, смета Меџидиев

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk