Сотир Костов, кого ВМРО-ДПМНЕ денес го делегирале како „експерт” за Законот за јавно обвинителство е добро познато лице на ТВ екраните кое долги години се претставува како аналитичар. Сотир Костов беше дел од протестите кои кулминираа со насилниот упад во собранието на 27 април 2017, а потоа јавно се залагаше за помилување на насилниците од 27 април.
Откако неговата сопруга од шеф на протокол на Никола Груевски стана шеф на протокол на Ѓорге Иванов, Сотир Костов ја промовираше кампањата против референдумот на движењето „Бојкотирам“. Во периодот кога Сотир Костов редовно се појавуваше на ТВ екраните бранејќи ги политиките на ВМРО-ДПМНЕ, за консултантски услуги бил плаќан од владата десетици илјади евра. Така, само во првите три месеци од 2017 година, кога Костов протестираше на улиците, за консултантски услуги му биле платени 7 илјади евра, а за други „оперативни услуги“ дополнителни 150.000 денари.
Во 2016 година на Костов му биле исплатени речиси 10 илјади евра, а во 2015 година околу 20 илјади евра. Колкава фактура ќе им испорача на ВМРО-ДПМНЕ скапо платениот консултант Сотир Костов по дебатата на законот за обвинителство? Или фактурата е веќе исплатена, од парите на граѓаните?