ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тупанчевски: Ќе предложам привремено решение до донесување на нов Закон за здруженија и фондации

August 23, 2022 15:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Формирање ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата министерот за правда Никола Тупанчевски.

Ова Тупанчевски, го најави денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се спречат формираните бугарски здруженија во земјава, пренесува МИА.

– Мој предлог би било да се формира ад хок тело, меѓуресорско, што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат. Во таа насока мислам дека ќе биде намалена можност да се злоупотребуваат одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, изјави Тупанчевски, денеска одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод 21 година од формирањето на Единицата за брзо распоредување.

Министерството за правда на 15-ти овој месец, најави состанок на Работната група на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.

-Целта на овие измени на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на статусот на организацијата од јавен интерес, регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање. Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување, појаснуваат од Министерството за правда.

Во однос на измените во Законот за извршување на санкции, министерот за правда истакна дека и понатаму е со истиот став, односно мора да се превенира и истовремено да се прецизира одредбата и на кој начин ќе се издржува казна затвор.

– Сегашното решение е решение што го има во уште многу држави во Европа и светот, меѓутоа она на кое што треба да се посвети посебно внимание е да не се злоупотреби одредбата што во принцип е добра меѓутоа и покрај тоа што е на линија на компаративни решенија кај нас имаме негативни консенквенци, додаде тој.

Прашањето со „затворскиот туризам“ и користењето на правната можност за издржување на затворските казни во Затворот во Струга, кој е од отворен тип, во јавноста беше отворено откако поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, ги променија адресите на живеење во Охрид и со тоа создадоа правна основа за отслужување на затворските казни во овој затвор. Мијалков, кој склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја“ и доби тригодишна затворска казна, вчера се пријави во затворот во Струга за нејзино отслужување.

Next Post

ДИК ги објави конечните резултати за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово

Shortcut

Најново

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk