Државната изборна комисија денеска на јавна седница едногласно одлучи дека барањата на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи се неосновани и не се поврзани со организирањето на изборите.
Мизрахи поднела три барања по однос на поништувањето на Владата на разрешувањето на директори и назначување на нови. Според ДИК таа може да се жали на Уставен суд.
Претходно едногласно ДИК го отфрли и барањето на Наќе Чулев,технички министер за внатрешни работи, кој не се усогласи со замени министерката на МВР, Славјанка Петровска за поставување на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје.
Б. Ј.






