Бројот на загинати во ракетниот напад на Русија на железничката станица Чаплин во регионот Дњепропетровск се искачи на 22, меѓу кои и едно 11-годишно момче, пренесува Укринформ.
„Чаплин нè повредува денеска. Дваесет и две лица загинаа, од кои пет изгореа во автомобил. Загина 11-годишен тинејџер, руска ракета му ја уништи куќата“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање на 24 август.
Тој нагласи: „Дефинитивно ќе бараме одговорност од окупаторите за се што направија. И дефинитивно ќе ги исфрлиме освојувачите од нашата земја. Ниту една дамка од ова зло нема да остане во нашата слободна Украина“.
Претходно, претседателот Зеленски изјави дека руските војници извршиле ракетен напад врз патнички вагони на железничката станица Чаплин во областа Дњепропетровск, при што загинале најмалку 15 лица, а околу 50 се повредени.
Подготви: Ј. Ѓ.





