Во новото издание на „Зад димната завеса“ на ЦИВИЛ, ќе дознаете како се кријат воените злосторства во Украина, како изгледа пропагандата на социјалните мрежи, што се главните одлики на дезинформациите и пропагандата и низа други работи. За тоа ќе говорат Дијана Тахири, Биљана Јордановска и Дехран Муратов.
И во ова издание ќе видиме дел од излагањата на Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис, како и од м-р Бојан Кордалов.
На крајот, погледнете избор од исказите на анкетираните граѓанки и граѓани на Куманово, Тетово и Штип кои одговараат на прашањето дали им веруваат на медиумите.
Водител на ова издание е Џабир Дерала, продуцент е Зоран Иванов, камерата е на Дехран Муратов, додека реализација и монтажа направи Ариан Мехмети.