Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ денеска требаше да ја поздрават одлуката за дополнителните 2 денери по килограм за лозарите и да признаат дека СДСМ, Министерството за земјоделство и Владата вистински се грижат за лозарите, со соопштение реагираат од СДСМ на изјава на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека со последната одлука Владата воведе дополнителна мерка од 2 денари по килограм за лозарите. Ова значи, како што нагласуваат, дека на веќе договорените 13 и 15 денари по килограм, цената на откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревката и 17 денари за вранец.
„Ако на ова ги додадеме и субвенциите од 40.000 денари по хектар, стигнуваме до плус 3 денари по килограм што значи дека со сета наша поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари по килограм за смедеревка и 20 денари по килограм за вранец. Ова е рекорд, и што е најважно, постигнат е договор преку дијалог со лозарите и винариите, од кој сите се задоволни. СДСМ секогаш ги поддржувала и ќе ги поддржува лозарите, винариите и сите земјоделци“, се наведува во реакцијата на СДСМ.





