ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Златна „Камера 300“ за кинематографот Рубен Импенс

August 27, 2022 13:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Рубен Импенс, белгискиот кинематограф во италијанскиот игран филм „Осумте планини“ е годинешен лауреат – освојувач на златна „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Меѓународното стручно жири вечерва во Битола не штедеше зборови за професионалниот пристап и мајсторството на Импенс, кој се издвои со својот квалитет и моќта на камерата во неговите раце. Второто по ранг одличје на ИФФК „Браќа Манаки“ годинава отпатува за Италија, затоа што добитничка на сребрена „Камера 300“ е Италијанката Дарија Д’Антонио, додека бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематографот Хидетоши Шиномија од Јапонија.

ИФФК „Браќа Манаки“ на големата сцена во НУ Центар за култура-Битола додели специјална „Камера 300“ на една од легендите во кинематографијата Џон Метисон, а високото фестивалско признание го врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Апсолутно сум воодушевен што сум тука и затоа што ова е единственото место во светот каде што се чувствува нашата работа. Вие го направивте фестивалот „Браќа Манаки“ таков како што доликува. Успевате да не промовирате нас како кинематографи но и самата филмска камера како нешто што заслужува голема важност, истакна кинематограферот Метисон и додаде дека визуелниот јазик секој го разбира и тоа е така уште со првите слики на браќата Манаки кои сите ги разбираат.

Според востановената традиција. награди се доделија во категориите документарна програма, а железна „Камера 300“ му припадна на кинематогареферот Саша Кулак од Франција, во категоријата краткометражен филм мала „Камера 300“ доби кинематограферот Шад Чабан, а посебно признание и беше доделено и на кинематограферката Жоана Пимента од Бразил за нејзиниот придонес во документарниот филм „Гори сува земја“.

Годинава  првпат награда се додели и во категоријата студетнска програма, а со одлука на жирито првата златна „Камера 300“ ја добија кинематограферите Симоне Харт и Кристијан Нојбергер од Филмската академија во Виена.

Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Со грант од САД ќе се реставрира храмот на слободата во Кочани

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Осум дена притвор за родителот кој вчера нападнадвајца малолетни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk