Весникот „Ла Верита“, кој ги објави снимките како зборуваат Орце Камчев и Боки 13, а се имплицира вмешаност на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“, се смета за близок до есктремно десничарската партија „Лига“, која ја предводи доскорешниот министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини. Весникот според уредувачката политика тежнее кон радикалната десница, а низ текстовите постојано ги напаѓа политичките неистомисленици. Од своја страна пак, екс- министерот Салвини не го крие пријателството со унагрскиот премиер Виктор Орбан, заштитникот на Никола Груевски при криењето во Будимпешта, политичкиот азил и бегањето од затворската казна во Скопје, пишува Љубиша Арсиќ од НОВА.
Ако се поврзе релацијата на Орбан со Салвини, но и со таа со Груевски, а потоа врската на Салвини со уредништвото на весникот, тогаш е појасно зошто „Ла Верита“ ги објавува снимките, документите и информациите од Македонија и како со тоа сака да и отвори простор за манипулации на ВМРО ДПМНЕ.
Во поширок контекст радикалната десница се шири и преку Москва. Имено, познато е дека Салвини негува добри односи со рускиот претседател Путин, дури се објави дека Русија финансиски ќе ги помогне партиите низ Европа, со десна ориентација, со цел да се создаде пандан на европските демократии, како еден вид нова Европа со доминација на десничарите.
Целиот текст од Нова ТВ, тука.