Демант на градоначалникот на Општина Гевгелија, на текст преземен од Центар.мк, за тоа дека се трошело по 1400 евра месечно за угостителски услуги.
„Денес на вашиот медиум се појави вест за направена анализа на јавните податоци, од страната за отворени финансии, каде ја обвинувате Општина Гевгелија и мене како Градоначалник, дека изминатите шест месеци, месечно се трошело по 1400 евра по основ на угостителски услуги.
Ја демантирам вашата вест и ве уверувам дека нема да поминат таквите лаги, нема да дозволам со искривување на правата слика, да го оцрнувате моето работење и работењето на локалната самоуправа.
Парите кои вие ги спомнувате не се потрошени за моја лична цел како функционер и за мое гоштевање.
За таа цел, во овој демант ќе ги набројам сите општествени чинители, кои постојано ја имаат подршката од локалната самоуправа и во одредени моменти и се корисници на средствата од буџетот на општина Гевгелија.
Изминатиот период од таа буџетска ставка, беа потрошени средства по основ на повеќе случувања и настани во нашата општина, поради тоа, чувствувам потреба да ги набројам сите тие чинители и да ги демантирам вашите лаги.
-Организација на Светско првенство во Меч покер
– Посета на Амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва
-Посета на Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман
-Гости по повод празникот Спасовден, за организација на спортски и културни настани
-Посета на претставници од Агенција за промоција и поддршка на туризмот
-Посета на претставници од емисијата „Везилка“ за промоција на општина Гевгелија
-Организација на настан на Гевгелиско Архиерејско Намесништво
-Посета на претставници од Дирекција за заштита и спасување, за потпишување на договор за доделување на нова опрема
-Посета на претставници од Кошаркарска федерација на Македонија – меѓународен кошаркарски турнир од 14 до 17 јули
-Посета на претставници од Бизнис Конфедерација на Македонија во Гевгелија
-Организација на настан со Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа
-Посета на претставници од Општина Инџија, по повод патрониот празник на СОУ „Јосиф Јосифовски“
-Посета на претставници од Факултетот за Туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
-Посета на претставници од НОБ Велес, по повод настан на НОБ Гевгелија
-Посета на претставници Заеднички технички секретаријат
-Настани организирани од страна на Гевгелиските културно уметнички и спортски друштва:
Ансамбл „Бојмија“;
КУД „Танец“ од Миравци ;
Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија ;
Драмското студио „Дон Кихот“ – Гевгелија ;
Шаховски клуб “7 Ноември” – Гевгелија ;
Гевгелија Точак Клуб ;
Кинoлошко Друштво Кожуф – Гевгелија и
Ловечко Друштво – ОРЕЛ Гевгелија.
Општина Гевгелија со 92,9% е една од најтранспарентните институции во 2022 година според податоците на Центарот за граѓански комуникации за мерење на степенот на активна транспарентност на државните институции.
Пред да ги пласирате овие неточни информации, можевте да побарате од локалната самоуправа информација за потрошените средства, истите податоци ќе ви беа пратени целосни и точни.
Во периодот за кој станува збор 01.01.2022-30.06.2022 долгот на општина Гевгелија е намален од 83.000.000 денари на 60.000.000 денари, или заштедени се 23.000.000 денари.
Како Градоначалник на општина Гевгелија ќе продолжам да работам транспарентно и ќе давам отчет за работењето и трошењето на буџетските средства.
Андон Сарамандов,
Градоначалник на општина Гевгелија.“