ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски за „Политика“: Победата на СДСМ на вонредните локални избори е порака

September 1, 2022 13:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Победата на СДСМ на вонредните локални избори е порака на граѓаните дека гледаат напред и успеваат да го разобличат евтиниот популизам, вели во интервју за „Политика“ премиерот Димитар Ковачевски.

„Пред само една недела имавме повторени локални избори и победивме сегде каде што имаше СДСМ кандидат. Тоа зборува многу за тоа дека граѓаните успеваат да го разобличат евтиниот популизам и непринципиелноста наспроти конкретната понуда и сработени проекти кои реално имале некаков бенефит за граѓаните во дадените општини. Неколку работи беа јасни со последните локални избори. Најпрво, граѓаните и во тешки времиња знаат да препознаат кој вистински работи за нив, кои се вистинските политики што носат напредок. Не сакаат блокади, доста им е од опструкции, сакаат едноставно да гледаат напред и да се развиваат. И она што е особено важно е тоа дека демократијата беше зајакната, имавме фер, слободни, достоинствени избори, како што доликува на една земја која претендира да биде дел од европското семејство.“ вели премиерот Ковачевски.

Тој додава дека во услови на криза кога на земјата и е потребна стабилност, изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година а СДСМ сериозно ќе продолжи да работи за ублажување на последиците од глобалната економска и енергетска криза.

„Од овие причини, но и поради фактот што граѓаните едноставно не сакаат избори, особено во вакви услови на криза кога на земјата ѝ треба стабилност, изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024. До тогаш ние сериозно ќе работиме да ги ублажиме последиците од кризата исто како што правевме и досега.“ вели Ковачевски.

За промена на Уставот, претседателот Ковачевски вели дека е убеден, пратениците ќе бидат на висината на својата задача и дека кога ќе дојде времето, ќе донесат државничка одлука.

„Што се однесува до Уставот, ние сме мултиетничка, мултикултурна функционална демократија, ние сме Европа во мало, нашата сила како земја се различностите кои нѐ прават автентични и тоа што сме денес. И на тоа сме особено горди. Отворањето на уставот и внесувањето на повеќе делови од народи кои живеат во Северна Македонија, покрај оние кои веќе се во преамбулата, ќе значи само потврда на нашата определеност да креираме општество во кое сите имаат еднакви можности за развој. Јас сум убеден дека пратениците ќе бидат на висината на својата задача и дека кога ќе дојде времето, ќе донесат државничка одлука.“ вели во интервјуто за „Политика“,  Ковачевски.

Next Post

ЕСМ апелира до граѓаните: Да штедиме струја за побезбедна зима

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk