ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Со регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство

September 1, 2022 18:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Балканот е отворен за соработка, развој, напредок и градење нови пријателства кои сигурно обезбедуваат просперитет за граѓаните и водат кон Европската Унија, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој денеска присуствуваше на отворањето на првиот Меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград.

Автентичноста на нашите производи произведени од македонските земјоделци, претставени на овој саем, според Маричиќ, ја отсликуваат нашата традиција и култура.

Според него, македонските производи поради препознатливоста и единственоста, ги прави конкурентни и барани не само на регионалните, туку и на светските пазари.

Маричиќ додава дека Владата ќе продолжи дополнително да дава поддршка за стопанството преку отворање на нови можности за интегрирање на македонскиот во европскиот пазар.

Извозот, откупот, новите пласмани на пазарите во регионот и Европа на македонските храна и вина се поддржани преку програмата ИПАРД која директно придонесува за подобрување на пазарната ефикасност и за приближување до стандардите на ЕУ во земјоделско-прехранбениот сектор, како и за развој на економијата во руралните средини, истовремено придонесувајќи за зајакнување на домашната економија.

– Во периодот 2014-2020 год. преку ИПАРД II програмата беа обезбедени 60 мил.евра, од кои во првата половина од годината беа исплатени речиси 50% од вкупниот износ. До крајот на 2023 год., односно до затворањето на ИПАРД II, очекуваме оваа стапка значително да се зголеми, имајќи предвид дека договори со потенцијалните корисници се склучени за целиот износ на Програмата. Поддршката за земјоделско-прехранбениот сектор и економијата во руралните средини ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

На Саемот во Белград од Северна Македонија учествуваат 42 винарии и три дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии, како и повеќе од 10 производители на храна од Северна Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.

Македонската туристичка понуда пак е претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и е фокусирана на македонскиот етно-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна), националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам.

Next Post

Во текот на ноќта локални обилни врнежи со силен ветер, грмежи и град

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk