ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Очекувам двотретинско мнозинство и за законот за одбрана, пратениците да ги заборават партиските притисоци

Во овие следни две недели, посочи министерката, ги правиме клучните чекори и за нашето членство во НАТО и за нашето членство во ЕУ и оти законот за одбрана и законот за ЈО се тест за секој пратеник и за секоја политичка партија.

January 29, 2020 10:26
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам пратениците да носат одлуки што се влог во нашата државна иднина. Секој од пратениците во нашето Собрание влегол во Парламентот со завет и со обврска да ја приближи оваа држава во НАТО и до ЕУ, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање дали законот за одбрана може да помине заедно со законот за јавно обвинителство, доколку се обезбедат 80 пратеници.

– Законот за Јавно обвинителство, вчера слушнавме и од официјални претставници на ЕУ, е клучот за побрзо членство, за побрз почеток на преговори. Меѓутоа, кај законот за одбрана работите се уште повидливи. Практично, тоа е последниот чекор што треба да не направи де факто реална земја членка на НАТО. И не мислам дека било кој пратеник во Собранието ќе одлучи да се коцка со нешто што толку тешко го стекнавме, рече Шекеринска во изјава за медиуми по НАТО работилницата во МНР.

Во овие следни две недели, посочи министерката, ги правиме клучните чекори и за нашето членство во НАТО и за нашето членство во ЕУ и оти законот за одбрана и законот за ЈО се тест за секој пратеник и за секоја политичка партија.

– Дали само зборуваат за ЕУ и НАТО или се подготвени реално да ги поддржат вистинските реформи зад кои застанаа и ЕУ и НАТО. Убедена сум дека граѓаните ќе го препознаат тоа и убедена сум дека ќе гласаат за да државата продолжи во насока на стабилност, безбедност и просперитет, рече таа.

Ги повика пратениците да ги заборават и партиските притисоци, да ги заборават и партиските интереси и да покажат дека безбедноста, сигурноста и иднината на оваа држава сепак им е приоритет.

– И затоа, да, очекувам да имаме двотретинско мнозинство за законот за одбрана. А историјата ќе суди за сите оние што ќе одлучат да бидат од другата страна. Законот за одбрана е реализација на нашиот државен сон. Ако сме членка во НАТО мора да бидеме способни да ја искористиме привилегијата и моќта која ни ја дава НАТО. Да зборувате за НАТО членство, да се залагате за НАТО членство, а потоа да не го гласате законот за одбрана е неприфатливо. Се надевам и очекувам дека секој пратеник во нашето Собрание соочен со, јас би рекла, државната обврска да се поддржи овој успех на државата ќе го направи вистинскиот чекор, ќе ја донесе вистинската одлука и заедно со ратификацијата на НАТО протоколот ќе ја имаме и целосната законска регулатива која што го носи законот за одбрана, подвлече таа.

Истакна дека на крајот на процесот на нашето пристапување во НАТО не можеме да се покажеме како несериозна земја, и оти тоа влијае на имиџот на Република Северна Македонија, на отвореноста со која земјите членки ќе не прифатат и од тој аспект, како што рече, немаме право на грешки.

Во однос на ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО, рече дека вестите што стигаат од Шпанија се позитивни.

– Очекуваме во следните неколку недели овој процес целосен на ратификација да се заврши и очекуваме, како што чувте, веќе на 11 февруари и нашето Собрание да даде зелено светло за ратификацијата на нашиот Протокол за членство во НАТО, истакна Шекеринска.

Next Post

Филипче: Клиниката за психијатрија со најсовремена опрема за дијагностика при спиење

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk