ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Регионална конференција: Нулта толеранција кон дискриминацијата е обврска на целото општество

September 6, 2022 12:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата со дискриминацијата се однесува на целото општество, не само на една институција или одредена група. Оттаму, ги повикувам сите државни и недржавни чинители целосно да се вклучат и да преземат одговорност во постигнување еднаквост и ставање крај на дискриминацијата. Сите ние треба да се обврземе дека ќе прифатиме став на нулта толеранција кон дискриминацијата, порача Клеменс Која, амбасадор на ОБСЕ во Скопје.

На отворањето на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост на Југоисточна Европа, која денеска и утре се одржува во Собранието, Која посочи дека анкетатата на ОБСЕ – Евробарометар, што се спроведува од 2018, покажува дека секој трет испитаник пријавил дека бил дискриминиран најмалку по еден основ, додека 40 проценти од испитаниците се изјасниле дека биле сведоци на нечија друга дискриминација.

Резултатите од анкетата, исто така, покажуваат дека од вкупниот број жртви, во просек половина од нив доживеале дискриминација на повеќе основи, а најзастапена е дискриминацијата по основ на политичка и етничка припадност. Покрај тоа, една третина од испитаниците рекле дека не би барале заштита од институциите доколку доживеат дискриминација. Ова за нас е прашање на голема загриженост. За да се помогне во поправање на оваа ситуација, Мисијата и натаму останува посветена за да ги поддржува политиките, законската рамка, јакнење на националното тело за еднаквост, меѓуинституционаната соработка и поддршка на активности за подигнување на јавната свест, истакна амбасадорот на ОБСЕ.

Потсетувајќи на принципот дека сите луѓе се еднакви пред законот, имаат право, без дискриминација, на еднаква заштита со закон, Која рече дека Мисијата на ОБСЕ во  Северна Македонија има силна соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Од најголемата важност е, рече тој, Комисијата да ги добие сите неопходни ресурси за да може ефективно да функционира и дека  спроведувањето на нејзините препораки е исто така важен елемент во борбата со дискриминацијата, а на тоа соодветно внимание треба да посветат јавниот и приватниот сектор.

Таа е се уште релативно млада институција и оттаму Мисијата ги посветува своите ресурси на поддршка со цел да се унапреди и развие натамошната работа во оваа област. Мисијата цврсто верува дека едно независно ефективно тело за еднаквост ќе ја зајакне заштитата од дискриминација и ќе ја унапреди инклузивната еднаквост овозможувајќи создавање праведно општество. Остануваат многу предизвици, како отсуство на координација помеѓу чинителите и националната структурата за еднаквост, ограничени капацитети и ресурси, низок степен на свесност во јавноста особено кај ранливите групи, што доведува и до недоволно пријавување на случаите на дискриминација, додаде Која.

Добредојде на учесниците од телата за еднаквост во ЈИЕ им посака претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истакна дека дискриминацијата е предизвик пред кој може да се најде секој поединец во секоја можна животна ситуација – може да биде во улога на директен или индиректен дискриминатор, или, пак, да биде дискриминиран.

Важно е да се крене јавната свест за постоењето на ова зло, за негово дефинирање, препознавање, пријавување и казнување… Токму затоа, важна е улогата на КСЗД, која е основана со Законот за спречување и заштита од дискриминација во 2020 година, како самостоен орган кој ќе работи на превенција, заштита и одржување на еднаквоста, човековите права и недескриминацијата, рече Џафери.

Додаде дека сите би сакале да бидеме дел од хумано и правично општество во кое никој нема да се почувствува помалку вреден или помалку важен и небитен дел од општеството, но, за жал, рече, тоа го демантира реалноста која ја гледаме, и она што секој ден го читаме и слушаме.

Таквата слика ја стекнуваме и од годишниот извештај на Комисијата за 2021 година, што е веројатно делумен приказ на вистинската и сурова слика на терен. Затоа што сум убеден дека не секој поединец којшто бил жртва на дискриминација презел и нешто конкретно како поднесување претставка и пријавување на овие појави, рече Џафери.

Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на отворањето на работниот дел од дводневната регионалната конференција, истакна дека соработката на телата за еднаквост од ЈИЕ со размена на искуства и најдобри практики се клучен аспект во нивното зајакнување во спречување и заштита од дискриминација.

Сигурен сум дека на оваа динамична конференција ќе размениме вредни искуства и практики за три исклучително важни теми за телата за еднаквост – нивната улога во судските постапки, во стратешкото застапување и преминувањето на товарот на докажување во судските постапки за заштита од дискриминација и во постапките пред телата за еднаквост, рече Јадровски.

Посочи дека КСЗД е најново и најмладо тело за еднаквост во регионот и дека се уште ги презема своите први чекори во вклучување во судски постапки за заштита од дискриминација и стратешко застапување.

Сепак, и во досегашното скромно искуство во остварувањето на овие законски надлежности, можеме да се пофалиме со судска пресуда со која се утврдува дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас, рече Јадровски, додавајќи дека тоа е прва историска пресуда во постапка иницирана со тужба од јавен интерес, во која КСЗД се вклучила со поднесок.

КСЗД ја организира Шестата регионална конференција на телата за еднаквост на Југоисточна Европа во соработка и под покровителство за Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Учествуваат претставници на телата за еднаквост на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија и Хрватска, како и од други национални институции, организации и експерти кои работат во областа на еднаквоста и недискриминацијата.

Next Post
Жичарница Водно. Фото: Фронтлајн

На 8 Септември јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата на Водно од 10 до 20 часот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk