Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска најави нова опструкција. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи заемот од 100 милиони евра добиен од ЕБРД за ликвидност на ЕСМ.
Според Мицкоски, рестрикцијата не е начин да се заштеди бидејќи системот ќе се оптовари неколку часа пред таа рестрикција или после неа.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, нема да го поддржат заемот од сто милиони евра од ЕБРД за ликвидност на ЕСМ, додека не добијат отчет како се трошени парите за транспорт на јаглен.





