ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За планот за непречено снабдување со струја ќе бидат потребни до 300 милиони евра, субвенции ќе има и догодина

September 6, 2022 15:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До 300 милиони евра во наредните два квартала ќе бидат потребни за реализација на владиниот план за непречено обезбедување електрична енергија, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Советот за безбедност.

Како што рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања, калкулациите се веќе направени, а дел од средствата се и обезбедени.

Сигурно ќе има потреба од финансиски средства до 300 милиони евра во наредните два квартала со цел да обезбедиме електрична енергија по субвенционирани цени за граѓаните и малите потрошувачи. Веќе разговаравме и со Бугарија за обезбедување базна енергија за стопанството, истакна Ковачевски.

Планот поддржан од Советот за безбедност предвидува државата да ги подготви сите ресурси за максимално производство на сопствена енергија, со цел во најтешкиот период кој почнува на 1 октомври и ќе трае до почетокот на летото, на сите граѓани, ученици, студенти, средни, мали и микро бизниси да им се обезбеди најниска можна цена на струјата, како и снабдување со топлинска енергија по сегашната цена со задржување на евтината тарифа и 24-часовна достапност.

Премиерот Ковачевски соопшти дека и идната година ќе продолжи субвенционирањето на електричната енергија за да не се дозволат ценовни шокови.

Според Ковачевски, непречено снабдување со струја мора да се обезбеди, но и цената треба да биде издржлива.

Во Европа веќе има голем број бизниси од индустриските сектори кои не функцуионираат. Ние не сакаме да дозволиме тоа да се случи и кај нас иако ни претстои исклучително тежок период, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

Премиерот уште еднаш кажа дека до почетокот на ината година нема да има поскапување на струјата, но, ако се подгледнат сите влезни параметри, нагласи, на сите им е јасно дека цените од идната година ќе бидат во пораст.

Идната година државата повторно ќе ја субвенционира електричната енергија и нема да дозволи ценовен шок, подвлече премиерот.

Next Post

Пендаровски: Прашањето на ВМРО-ДПМНЕ за евентуален референдумот практички е - Дали сакате да престанеме да одиме кон ЕУ?

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk