ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Сите да помогнат за надминување на енергетската криза

September 7, 2022 13:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов / Фронтлајн

Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Сите да се однесуваме разумно и секој кој има можност да влијае кон тие кои можат да помогнат врз состојбата со енергетската криза, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при денешната посета на Струмица.

Во одговор на новинарско прашање  вицепремиерот рече дека ја разбира загриженоста на стопанството поради високата цена на струјата и истакна дека се обидуваат да најдат дополнителни извори на електрична енергија, со оглед дека дел од стопанството е на либерализираниот пазар.

Сосема ја разбирам загриженоста на бизнисите, на стопанството. Впрочем не треба да заборавиме дека веќе со преземените мерки дел од стопанството е навистина помогнато, дел од стопанството кое што не влегува во либерализираниот пазар на електрична енергија користат субвенционирана електрична енергија од страна на Владата и тоа не е мал дел затоа што бројот на тие компании е значително поголем.  Исто така не треба да заборавиме дека Владата мора да го штити сегментот којшто е најголем, а тоа се домаќинствата и малите потрошувачи, рече Битиќи.

Владата, дополни, подолг временски период ја субвенционира електричната енергија за 80 отсто од реалната цена кои би требало да ја плаќаат граѓаните. За жал, посоочи, останува еден сегмент од стопанството којшто во овој момент останува на либерализираниот пазар. Таму се обидуваме да најдеме дополнителни извори на електрична енергија коишто преку различни начини на поддршка од страна на Владата ќе дојде до крајните корисници, а тоа се стопанството по далеку пониски цени од берзанските цени, рече Битиќи.

Тоа, појасни, зависи од крајот на преговорите што ги вршиме со Република Бугарија, затоа што тие се една од земјите коишто имаат суфицит во производство на електрична енергија и секако со внатрешните капацитети коишто се во приватна сопственост за да ги заокружиме.

Мислам дека тоа што во овој момент е очигледно е уште еднаш да го повториме дека во ваков период сите разумно треба да почнеме да се однесуваме. Конечно е дојдено времето да заборавиме кој е кој, од која политичка партија доаѓа и какви политички цели има. Во период на кризи пред две години сум го кажал и денеска го кажувам – разумот треба да надвладее. И овде ги поттикнувам сите коишто може да влијаат кон тие коишто можат да помогнат врз состојбата со енергетската криза тоа да го направат без двоумење. Ќе има време за докажување кога ќе ја надминеме енергетската криза, изјави Битиќи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Костовски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ и македонскиот јазик, затоа нема поддршка ниту во партијата

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk