ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Очекувам правдата да биде еднаква за сите, независноста на институциите носи дополнителна одговорност и не смее да биде параван за самоволие

September 7, 2022 16:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска организираше Тркалезна маса на тема „(Зло) Употреба на институтот спогодување за вина и признание “, на која учествуваше министерот за правда Никола Тупанчески, како и судии, јавни обвинители, адвокати, универзитетски професори и претставници на граѓански организации.

На расправата вицепремиерката Грковска ја нагласи потреба во јавноста да се отвори прашањето за институтот спогодување за вина и признание, институт кој повеќе години постои во нашиот правен систем, но последниов период предизвика сериозно внимание во јавноста.

„Нема да бидам политички коректна, ја споделувам разочараноста со граѓаните кои  со право очекуваат правдата да биде еднаква за сите, без разлика дали се сиромашни или богати, дали се политичари или бизнисмени кои што сметаат дека со пари може да се купи сé. Мојата филозофија на работење е дека сите ние ја споделуваме одговорноста за состојбите во државата, секој во својата област. Независноста на институциите, која доаѓа од законите и Уставот треба да биде дополнителна одговорност, а не да се користи како параван за самоволие, без да се води грижа како тоа ќе се рефлектира на целото општество. Уште повеќе сум загрижена како ваквите пораки влијаат врз младите и како тие го доживуваат ваквото однесување“, кажа Грковска.

Учесниците на расправата ја поздравија иницијативата на вицепремиерката Грковска јавно да се отвори прашањето за употребата на институтот спогодување, кој во нашето законодавство е имплементиран по препорака на Советот на Европа. Беше констатирано дека не може да се каже дека од досегашната примена сите искуства се негативни, но како што нагласија дел од говорниците, општата перцепција е дека има одредени злоупотреби.

Дел од учесниците нагласија дека главната максима на правдата е таа да не биде само изречена, туку да биде видлива, да биде препознаена од широката јавност. И дека е погрешно кога таквите одлуки се правдаат со изреката дека сé е по закон. Потенцираа дека одлуките мора да бидат добро образложени зашто во спротивно го уриваат интегритетот на правосудниот систем, не само на судството.

Како главен хендикеп, говорниците ја посочија слабата транспарентност при носењето на ваквите одлуки.  Дел од учесниците побараа спогодбите да не може да се применуваат при тешки кривични дела. Беа дадени забелешки и дека во Законот за кривична постапка не се наведени делата за кои овој институт не може да се применува, како и за тоа дека нема рокови до кога може да се изрече, пред да се поднесе обвинение.

На конференцијата воведно обраќање имаше и министерот за правда Никола Тупанчески, кој најави дека забелешките од расправата ќе бидат земени предвид од страна на работната група, која во Министерството за правда веќе работи на измени на Законот за кривична постапка.

Next Post

Бислимовски: Августовските сметки на БЕГ се сторнирани, граѓаните ќе добијат нови

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk