ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска во Прага со Храст: Пријателските односи ќе ги зацврстиме со конкретни проекти меѓу институциите и уметниците

September 8, 2022 15:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија и Чешката Република имаат одлични релации на надворешно-политички план, во рамките на регионалната соработка, ЕУ и НАТО. На полето на културата, пред двете земји се огромен број можности и уште поголем потенцијал за подинамична соработка, која треба да се интензивира во периодот што следува – се согласија министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и заменик-министерот за култура на Чешката Република, Ондржеј Храст, на денешната работна средба во Прага.

На состанокот, кој помина во пријателска атмосфера, министерката Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност за поддршката што ја дава Чешка за евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан. Таа изрази уверување дека во рамките на чешкото претседателство со ЕУ уште повеќе ќе се стави акцент на заедничките заложби за зацврстување на мирот, демократијата и дијалогот во Европа.

„Со г. Храст зборувавме за начините на интензивирање на соработката помеѓу националните филхармонии и оперско-балетските куќи, галериите, саемите на книга, како и за можностите од поинтензивна соработка помеѓу меѓународните фестивали кои ги имаат двете земји во разни области од уметноста“, вели министерката Костадиновска-Стојчевска.

На средбата, таа ги нагласи и активностите на Северна Македонија за вклучување на културата во Агендата за Западен Балкан на ЕУ, како и добрите практики на македонските корисници на Програмата „Креативна Европа“ и на инструментите за претпристапна помош на ЕУ во прекуграничната соработка.

Соговорниците истакнаа дека во наредниот период ќе ја обноват Програмата за соработка помеѓу двете министерства и ќе ја засилат комуникацијата за воспоставување поинтензивна соработка меѓу сродните институции во двете земји.

Министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска, предложи да се иницираат заеднички работилници од областа на креативните индустрии или средби на соодветно ниво на кои би се размениле искуства во оваа сфера. Заменик-министерот Храст, пак, сподели чешки искуства за поддршка на младите уметници и иницираше активности за поддршка на најмладите кои имаат свои интернационални мрежи на поврзување и зближување.

На средбата стана збор за позитивните искуства од соработката во филмската дејност, како и редовните претставувања на кинематографските остварувања во двете земји. Македонската министерка за култура изрази задоволство што и по повод одбележувањето на чешкото претседателство со ЕУ, меѓу содржините што ќе се претстават пред чешката јавност се и поновите филмски остварувања на авторите од Република Северна Македонија.

Соговорниците ја истакнаа и соработката меѓу двете земји на мултилатерално ниво, особено во рамките на активностите на Форумот на словенските култури.

Костадиновска-Стојчевска упати покана до заменик-министерот Храст да биде гостин на културните содржини што денеска и утре се организираат во Прага, Чешка, по повод одбележувањето на чешкото претседателство со ЕУ и Денот на независноста на Северна Македонија –  8 Септември.

Вечер, во рамките на Деновите на македонската култура во Чешка, концерт ќе одржи реномираниот Камерен оркестар од Битола со истакнатите солисти Влатко Стефановски и Тамара Тодевска.

Утре, 9 септември, во престижниот театар „Divadlo Apollo“ ќе биде одиграна претставата „Антитело“, авторско дело на студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје под менторство на проф. Зоја Бузалковска.

Во рамките на програмата, од 7 до 9 септември се реализира и Ревија на македонски филмови во организација на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

 

Next Post

Богата музичка програма на Централната прослава за Денот на независноста – 8 Септември во паркот Ибни Пајко, обраќање на премиерот Ковачевски

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk