Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II, напиша на Фејсбук, претседателот Стево Пендаровски.
Тој истакна дека нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации.