ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бочварски: Продолжуваат координативните состаноци за отворање на граничниот премин Клепало

September 9, 2022 11:40
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за транспорт и врски и Министерството за надворешни работи ќе продолжат со координативни состаноци со Република Бугарија за отворање на граничниот премин Клепало кај Берово.

Министерот Благој Бочварски во рамки на денешната работна посета на Општина Пехчево запрашан до каде се работите со овој граничен премин, истакна дека по остварената средба со министерот за регионален развој на Бугарија под којшто спаѓа патната инфраструктура во Бугарија, констатирано е дека за придвижување на работите на потег е бугарската страна, од каде бил информиран дека веќе се работи на сите студии за заштита на животната средина, по што ќе се влезе во реализација на патниот правец до граничниот премин од бугарска страна.

Ние паралелно со тоа ќе работиме и на отворање на граничните премини. Има мешовита комисија која што се води во Министерството за транспорт и врски и МНР со цел координација со Република Бугарија во делот на граничниот премин. Од тој аспект сакам да потенцирам дека и бугарската страна да реализира и свој граничен премин од страната на Бугарија со што ние сме во понапредна фаза во овој дел и ги следиме состојбите, рече Бочварски.

Посочи дека Министерството е подготвено веднаш по започнувањето на инфраструктурата од страна на Бугарија да ги направи сите завршни реконструкции и рехабилитации на нашиот дел  за да се влезе во фаза на конечно отворање на овој граничен премин.

Работиме заеднички, бидејќи тоа е проект на две држави и мора меѓународно да се решава. Таму сега се во процес новите избори, по изборот на новата влада секако ќе продолжиме со соработка со бугарската страна со цел да направиме уште еден граничен премин за поврзување за граѓаните и развој на овој регион и Берово и Пехчево и на сите останати населени места, додаде Бочварски.

Потенцираше дека Клепало е многу значаен граничен премин за целиот регион за што како Министерството апсолутно ја даваат поддршката за реализација на проектот.

 

Next Post

Матарела: Без влезот на земјите од Западниот Балкан, Европската Унија нема да биде целосна

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk