ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(ФОТО) Костадиновска-Стојчевска во Прага: Со Чешка споделуваме богато словенско минато и неопходна европска иднина

September 9, 2022 12:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќа, на Денот на независноста – 8 Септември, во Прага продолжија настаните од манифестацијата „Денови на македонската културата“.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, пред концертот на реномираниот Камерен оркестар од Битола и истакнатите солисти Влатко Стефановски и Тамара Тодевска, рече: „Честит да е Денот на нашата независност кој го одбележуваме во еден од најубавите градови во Европа и во земја пријател! На домаќините им благодарам за чувството дека на 8 Септември, на нашиот трет Илинден, како да не сме далеку од дома. Веројатно и поради фактот што со Република Чешка споделуваме богато словенско минато и неопходна европска иднина“.

Министерката за култура, цитирајќи го Вацлав Хавел – првиот демократски избран чешки претседател, писател и борец за човекови права по падот на Берлинскиот ѕид и по Сомотската револуција во чии први редови беа токму културните работници и студентите – дека има визија за обединета, демократска, безбедна и мирољубива Европа, нагласи дека тиранијата и ѕидовите не им прилегаат на уметноста и на младоста – тие се нивните најголеми непријатели.

„Денеска сме меѓу пријатели, во преубавата Прага во која се школувале наши врвни имиња од културата, особено во филмската уметност. И денес тука имаме македонски студенти по уметност. Се радувам на средбата со нив. Ревијата на македонски филмови, театарската претстава и концертот што следува се само дел од размената на нашите културни вредности“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура нагласи дека во време кога на Европа ѝ е потребно единство како никогаш досега, преку културата, која е синоним на заедништвото, ја афирмираме македонската музика преку настапот на реномираниот Камерен оркестар од Битола, со единствените Влатко Стефановски и Тамара Тодевска како солисти.

Во биографијата на Камерниот оркестар од Битола се запишани над 100 концертни настани во сопствена продукција, соработка со многу домашни и странски диригенти, солисти и многубројни гостувања на речиси сите домашни фестивали и најголеми фестивали низ целиот Балкан.

Програмата на „Деновите на македонската култура“ во Прага, Чешка, се заокружува денеска со претставата „Антитело“, авторско дело на студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје под менторство на проф. Зоја Бузалковска, која ќе биде изведена во престижниот театар „Divadlo Apollo“.

Next Post

(ВИДЕО) Пендаровски-Матарела: Италијанска поддршка на политиката на проширување на ЕУ и за македонските евроинтеграции

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk