ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Пендаровски-Матарела: Италијанска поддршка на политиката на проширување на ЕУ и за македонските евроинтеграции

September 9, 2022 12:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти прес-службата на Кабинетот на претседателот, Пендаровски и претседателот Матарела одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Италија, политиката на проширување на Европската Унија, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и во Европа.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија за македонските евроинтеграции, порача дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.

„Навистина сум среќен што претседателот Матарела го исполни ветувањето дадено при нашата последна средба во Рим минатата година и успеа да ја реализира оваа значајна возвратна посета на Северна Македонија, што се случува по речиси 23 години од последната посета на еден италијански претседател на нашата држава“, истакна Пендаровски.

Тој додаде дека преку ваквите конструктивни средби, какви што се секогаш состаноците со претседателот Матарела, се создава нов, подобар амбиент за развој на македонско-италијанските релации, кои со години се пријателски и цврсти.

На средбата, издвои Пендаровски, разговаравме за актуелните теми од билатералните односи и состојбите во регионот на Западниот Балкан, европските интеграции, безбедносните прашања и модалитетите за справување со последиците од економско-енергетските кризи со кои се соочува светот.

„Во контекст на билатералните односи, констатиравме дека економската, парламентарната и секторската соработка се развиваат по нагорна линија, за што искажавме подготвеност за нивно натамошно продлабочување“, рече Пендаровски.

Нагласи дека една од клучните теми, кои ги дискутиравме беше нашиот евроинтегративен процес и ѝ се  заблагодари на Италија за поддршката на политиката на проширување на ЕУ и неспорната поддршка за нас во тој контекст.

„Имајќи предвид дека во претстојниот период нѐ чека напорна работа и вложување на сите национални капацитети, искуствата кои Италија е подготвена да ги сподели со нас, ќе ни бидат навистина корисни. За време на разговорите, потенцирав дека Северна Македонија останува кредибилен партнер на Унијата во справување со актуелните геополитички и безбедносни предизвици, за што зборува и фактот за нашето 100 процентно уогласување со заедничката европска безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Како сојузници во НАТО, со претседателот Матарела, разменивме мислења и информации за војната во Украина и го реафирмиравме повикот за итно запирање на руската агресија врз една суверена држава. Зборувавме и за актуелната политичка ситуација и отворените прашања на Западниот Балкан. Во овој контекст, побарав поддршка од претседателот Матарела во справување со последиците од енергетската криза, односно, да ни биде овозможен пристап до механизмите и инструментите на Унијата за ублажување на негативниот ефект од енергетската криза врз нашите држави“, рече претседателот Стево Пендаровски.

 

 

 

 

Next Post

Обединети во слободата versus обединети во него лично

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk