ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Обединети во слободата versus обединети во него лично

September 9, 2022 12:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

На денот на независноста, 8 Септември, пораките од двете најважни политички партии беа типични и очекувани. СДСМ зборуваше за европеизација, за чекорење напред, за отворање, за слобода, за државотворност… Луѓето кои ги познавам, никој не се бунеше на овие пораки, тукуречи, сите ги оправдуваа. На другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, ништо не им чини, не им чини ниту 8 Септември, не им чини почетокот на пристапните преговори со Европа, не им чини слободата во својата вибрантност, не ја прифаќаат државотворноста освен ако, нели, не е нивна и така натаму и на тоа слично.

Разликата помеѓу Ковачевски и Мицкоски, односно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е огромна, пред сè во политичка смисла и пред сè во политичка азбука (или терминологија). Имено, Ковачевски сувереноста пред сè ја разбира во пораката која е широка и инклузивна, а таа е „Обединети во слободата“. Слободата од друга страна значи плуралност на мислења, недискриминација на различноста, чекорење напред, имање цел. Каква е таа политика ако се нема правец и цел? Сувереноста значи и тоа кој го носи суверенитетот, а тоа се граѓаните како носители на сувереноста. Што значи дека Ковачевски е свесен и за континуитетот на граѓаните во последните триесет години од нашата независност и сувереност.

Тезите, пак, на Мицкоски се опасни и индикативни. Внимавајте, вчера го изјавува следното: „Ни треба нов 8 Септември, Македонецот знае да ја препознае тежината на времињата и да го избере правичниот пат“. Не само што е очаен кариерист, туку ја негира, брише и уништува сувереноста на своите гласачи, значи им ја негира и брише сувереноста на граѓаните кои што ја гласале пред сè граѓаните од неговата партија на парламентарните избори од 2020 година. Притоа, не успева да разбере дека сувереноста е работа на континуитети. Не успева себе да се стави во политички контекст, не успева политички да мисли, и не успева да разбере дека сувереноста на Македонија има свои континуитети изминативе 30 години. И дека 8 Септември не почнал од него, и нема да заврши во него, односно во неговата „лична сувереност“.

Да бидеме јасни и малку да заостриме. Значи, Мицкоски ја негира сувереноста на граѓаните и демократијата, бара витален национализам, не мирна демократска реформа, туку националистичка револуција, дури, не бара ниту категорично „за Европа“, туку бара континуитет за она што е најдобро за него лично – националистичко движење. Ама исто така нема простор за самоизмама. На Мицкоски не му е важна ниту демократско-правната држава, туку конечно расчистување со сите договори меѓу соседите. Ако го промаши договорот од Преспа, денес својата шанса ја бара во не-договорот со Бугарија. Проблемите со соседите за ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле идеолошки конструкти за јакнење на неговите националистички струи во партијата.

Што всушност тоа би значело? Дека Бугарите се нашата препрека за градење на демократско и цивилизирано општество, што претставува ноторна глупавост. А бугарското малцинство – при негово влегување во Уставот – внатре во државата би било туѓо тело кое ќе ја растура националната македонска хомогеност во нејзина политичка, цивилизациска, религиска и генетска смисла, што претставува уште една ноторна глупавост.

Не можам да побегнам од впечатокот дека Мицкоски ги гледа Бугарите како некоја врста на folie à deux, таквата сличност во нивното взаемно делување не произлегува од сличноста за тоа што Македонците и Бугарите си го правеле во минатото, туку се работи за идентичноста за тоа што не си го направиле во денешнината. Ниту едни ниту други, до денес, не се обиделе да основаат свое политичко, културно и секое друго делување за да се реши спорот, и да почнеме да се гледаме како вистински соседи. И во крајна линија, да почнеме да се дружиме, соработуваме и живееме како нормални луѓе. Велам, дури ни тоа ВМРО-ДПМНЕ не го направи последниве 30 години, туку тоа го направи СДСМ. Што е, се разбира, за секое воодушевување и пофалба.

Оттука, што се однесува до Мицковата државотворност, што во некоја смисла парадокасално звучи, можеме да кажеме, во смисла на нејзината легитимност, никогаш не била призната. Нејзиното постоење е слика на апсурдот – слика која се наоѓа во Потемкиново село подигната на слепата уличка на историјата.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk