ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Многу злоба и љубомора има во нивните очи, драг господине Хејстингс!

September 12, 2022 09:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Откако Русија ја нападна Украина, овде завладеа масовна епидемија од геополитички анализи, во кои често се „бае“ за прелевање на конфликтот во други држави, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Од друга страна, јас мислам дека тоа е малку веројатно, но не е невозможно. Знаете и сами што е потребно за конфликт, нè навежба Груевски цела една декада. Прво, за конфликт не ти е важно да имаш бројно граѓанство, тоа секогаш е тука како топовско месо. За конфликт потребни ти се сретстава и луѓе кои ќе предизвикаат инцидент, а таквите лудила во оваа држава постојано се присутни, драг мој господине Хејстингс! (господин Хејстингс е соработник на Поаро, ама тоа веќе го знаете!?)

Дури, мислам, дека таквите луѓе се плашат затоа што не се сигурни дали во тоа ќе успеат. Првиот обид го видовме ова лето со Левица, а во позадина им беше како „бекап“ Мицковото ВМРО-ДПМНЕ со нивното партиско топовско месо. И како поминува време, јас навистина не можам да го анализирам Мицкоски. Од неговата приложена „реторичка инфраструктура“, не гледам ништо друго освесн маркетингшки трикови. Факт е дека тоа е хибрид од политичка партија во која има леви, десни и „централни“ струи; има „унгарски“ правци, а има и руски правци. Тоа се ходници кои одат реверзибилно, чисто колку да ја следат главата која ги храни.

Јас немам конкретни информации дали е така, ама сите мои индиции велат дека главата, парите и логистиката на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во Будимпешта. Зарем мислите дека овдешните бирократски намесници околу Мицкоски (а и тој самиот) можат да бидат политички идеолози? Немојте да бидете наивни. Не сме до толку глупави.

Најголемата опасност во оваа земја, денес, е потенцијалот на македонскиот национализам заради „утврдување“ на државноста и нацијата. Во најголемите кризи, со вакви сили на разградување на народот и државата, само македонскиот национализам мисли дека може да го зачува македонскиот „леш“ од распаѓање. Ама тука влегуваме во иста заблуда како од времето на Груевски, што, ми дава за право да помислам дека лидерот им е друг, а идеологот потполно ист.

Северна Македонија може да успее единствено само како отворено и мултиетничко општество. На референдумот, пак, што Мицкоски го заговара, нема да го бранат или гласаат сите граѓани, без разлика на националноста и верата, туку токму обратно, ќе го бранат и гласаат само оние кои припаѓаат на една вера и една национална заедница, а тоа се мицковите гласачи. И никој друг. Ова е факт што не треба да се заборави и треба да се потенцира секогаш кога некој ќе сака да заборави или миноризира.

За национална држава, од друга страна, нема човекови права, индивидуалност и различност. Не, не има само нас (читај, националистите), а сите други се куш. Повторно сетете се на ерата на Груевски. Е, ова што денес се заканува, тоа ќе биде ист груевизам, само преоблечено во „професорско лице“ на Мицкоски. Што значи дека имиџот на Северна Македонија со Мицкоски и неговата партија е тешко оштетен. Дозволете ми да ви дадам еден пример.

Кога Турција реши да му суди на писателот Орхан Памук, Европа беше згрозена. Замислете ја таа констернација кога 73-годишен писател е претепан со метални шипки, а неговиот телохранител убиен, затоа што мафијашите се препознале во неговиот роман. Е, така е денес со сите оние кои во овааа држава трпат вербално насилство кое, утре, ви тврдам, ќе се прелее и во физичко. И ваквиот феномен во оваа држава стана константа. Врие булиевци на секој чекор, со пени во устата, спремни се на многу зло. А видовме и тоа дека многу луѓе кои се спремни на бељи, може да поминат и неказнето.

Референдумот, како оној од времето на Преспа, така и овој денес, кој ќе биде усмерен против Бугарите – проверено, нацијата единствено „на против“ се мобилизира, никогаш или многу малку се мобилизира „За“ – ќе претставува нов обид за рушење на Ковачевски кој, барем до сега, достоинствено решева кризи и проблеми, и колку што гледам, достоинствено се залага за европеизација на државата.

Знам дека Мицкоски ќе игра на разлики: класни, расни и политички. На тие разлики тој е денес успева да остане лидер, и затоа не може ВМРО-ДПМНЕ да биде партија на државотворност, инклузивност и индивидуалност. Не може затоа што никогаш не поминале како партија низ катарза, а тоа се три работи: рефоромска или политичка,  и конечно – морална. Кога ќе се исполнат трите предуслови, можеби тогаш има шанса. До тогаш, тие се фактор исклучиво за дезинтеграција, нестабилност и поделби.

И насилство, о, да, многу насилство, драг мој господине Хејстингс!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ ги повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за Кочани: Да покажеме човечност и грижа

May 11, 2025

Зеленски: Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната, но првиот чекор е прекин на огнот од 12 мај

May 11, 2025
Фото: ЕПА / МИА

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk