ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Соработката и солидарноста е патот во справување со климатските промени

September 13, 2022 12:45
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на Втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, што од денеска до четврток се одржува во Инчеон, Република Кореја.

– Не е само енергетската криза што влијае на повеќето економии на земјите во Европа, туку се соочуваме со голема природна катастрофа како што е неодамнешната поплава што го погоди Пакистан или неодамнешниот тајфун што ја погоди Кореја непосредно пред да пристигнеме на конференцијата. Без разлика на обемот, природните катастрофи ќе имаат влијание врз сите наши земји. Наша одговорност како влади, не е само да подготвуваме политики и стратегии, туку во исто време и да развиваме и усвојуваме одржливи системи кои ќе се справуваат со климатските промени и другите предизвици за заштита на животната средина, истакнал Битиќи во обраќањето.

Битиќи посочил дека во текот на изминатите години Зелениот климатски фонд бил наш поддржувач и сојузник во различни проекти, преку кои, како што нагласил, се реализирани неколку активности за следење и рационализирање на климатските финансии, кои се пилотирани и предложени како среднорочно решение, се додека не се обезбедат средства за клима во националните буџети.

Информирал дека веќе е почнато да се работи на создавање поволна средина за вклучување на приватниот сектор во климатските инвестиции врз основа на приоритетните сектори во земјата. Посочил дека е почнат процесот на акредитација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) да биде првиот национален ентитет акредитиран од ЗКФ, преку кој ќе се создадат поголеми можности за развој и имплементација на проекти поврзани со климата.

Вицепремиерот Битиќи изразил благодарност за соработката со Зелениот климатски фонд и ги напоменал проектите на кои соработуваме како што се „Зелени градови“ со поддршка на ЕБОР,
„Финансиски инструмент за опрема за ладење“ со поддршка на Светска банка, во рамки на кој ќе се формира Национален фонд за енергетска ефикасност и „Глобален суб-национален климатски фонд“ за Техничка помош и капитал.

-Заедно со земјите од Западен Балкан сме посветени да работиме кон целите за јаглеродно неутрален континент до 2050 година, преку инкорпорирање на строга климатска политика и реформирање на енергетскиот и транспортниот сектор, преку одредени активности, нагласил Битиќи.

Според него, глобалните инвестиции за постигнување на целите на Парискиот договор за клима бараат итни дејствија, пред сè за климатските политики. Политиките треба да бидат придружени со соодветни финансиски текови за да се затвори големиот финансиски јаз на глобално ниво, како и кај земјите во развој.

-Финансирањето на приватниот сектор за климатска акција е со повеќекратни ограничувања, за кои сме свесни, а во нив се вклучени факторите на страната на понудата и побарувачката, макро-финансиските и микроекономските пречки, високите инвестиции во фосилни горива и ограничувањата поврзани со научни податоци. Како резултат на овие и други ограничувања, предизвикот останува во привлекувањето финансирање во проекти за ублажување и адаптација. Овие типови проекти најверојатно ќе привлечат мал број на специјализирани инвеститори, нагласил Битиќи.

Порачал дека треба да се напушти воспоставениот концепт на зависности и да се премине во нова ера каде меѓузависноста ќе биде нашиот пат напред и тоа ќе ја катализира климата на иновации – со инвестирање во нови технологии, деловни модели и практики.

Како што информира владината прес-служба, воведно обраќање на отворањето на конференцијата имал и извршниот директор на Зелениот климатски фонд, Јаник Глемарец. 

Next Post

ТВ серијата „Наследници“ освои „Еми“ за најдобра драмска серија

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk