ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Врзете ги појасите, Берлинскиот процес се враќа!

September 14, 2022 14:13
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, РЕГИОН, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Врзете ги појасите, Берлинскиот процес се враќа! Приказната, започната во 2014 година под „диригентската палка“ на германската екс-канцеларка Ангела Меркел, по неколкугодишното затишје, добива нова енергија и нови перспективи. Барем така се најавува. Подновен со нови идеи, ете, и со јавен повик до младите за креирање ново лого и обновен оптимизам и уверувања дека Западен Балкан не е заборавен. И дека Берлинскиот процес е единствениот долгорочен, сигурен и сеопфатен проект со кој се обезбедува регионална соработка и системско пристапување кон ЕУ.

Берлинскиот процес започна амбициозно во 2014 година, но со текот на времето, го изгуби фокусот, а потоа и сосема стивна. Некои тоа го правдаат и со динамичните и комплексни процеси во Европа и во светот и со процесите на прегрупирање на центрите на моќта во современиот мултиполарен свет. Кои и да се оправданијата, факт е дека Берлинскиот процес во изминатите најмалку три години беше „активен“ само за ограничен и тесно специјализиран круг на луѓе и институции.

Во меѓувреме, блесна иницијативата Отворен Балкан што ја поведоа македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, и српскиот претседател, Александар Вучиќ. Иницијативата собра голем број комплименти и изрази на поддршка, особено од преку Атлантикот, а самите протагонисти ги уверуваат ЕУ лидерите и бирократите дека иницијативата е компатибилна со Берлинскиот процес, а особено дека не е започната како супститут на членството во ЕУ. Тоа никако.

Сепак, дел од експертите и креаторите на јавното мислење го сметаат Отворен Балкан за паралелен процес, што не му помага на процесот на регионална соработка и интеграција. Ова особено во поглед на целите што се идентични во двата процеси  – заеднички регионален пазар и слобода на движењето.

Лесно е да се каже дека Отворен Балкан може да го загрози Берлинскиот процес, затоа што не ги вклучува сите земји од регионот, па и дека опасно го загрозува евроинтеграцискиот процес на сите земји на Западен Балкан. Сепак, и делумното отворање на границите меѓу половина од земјите во регионот значи огромен напредок за регионот кој до пред нешто повеќе од две децении тонеше во воени крвопролевања.

Косовската организација Балкан Форум, дел од Платформата за граѓанско општество, голема мрежа од граѓански организации од целиот регион на Западен Балкан, во мај издаде анализа под наслов „Европскиот ангажман во Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес“. Анализата коинцидираше со изјавата на германскиот канцелар Шолц на 4 мај кога најави дека процесот ќе биде обновен во втората половина од 2022 година.

На крајот од Анализата се објавени и шест сетови на препораки во чија подготовка учествуваа повеќе организации, меѓу кои и македонската организација за човекови права, Цивил. Анализата на Балкан Форум и препораките од граѓанското општество реално, директно и конкретно ги опфаќаат најважните аспекти на (не)функционирањето на Берлинскиот процес и можат да им послужат како добар водич на сите инволвирани политичари, бирократи и останати актери од ЕУ и од регионот.

Лесно е да се започне нешто, но тешко е да се започне истото – по вторпат.

Берлинскиот процес, на прагот на своето рестартирање, наспроти оптимизмот и широката насмевка со која се враќа на секогаш бурниот (Западен) Балкан, треба да одговори (искрено) на повеќе прашања. На пример: Зошто го снема, за да мора да се враќа? Дали Западен Балкан ќе го добие неопходниот приоритетен статус, особено во контекст на хибридната и оружената воена закана што доаѓа од Москва и други потенцијални закани за регионот? Има ли Берлинскиот процес капацитет, посветеност и ресурси да му помогнат да започне суштински трансформативни процеси, вклучително и процесот на помирување, наспроти тенденциите кои со еден збор се нарекуваат стабилократија?

Особено затоа што се работи за Балкан, и тоа Западен.


Извор: OKRUŽENJE

“Опкружување” е платформа отворена и достапна на сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички погед, понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството. Опкружување е заедничка иницијатива на Европското движење во Србија и Европскиот Фонд за Балканот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk