ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Норвешка ќе донира 6,8 милиони евра за нов АКМИС систем, за понезависно и потранспаретно судство

September 19, 2022 13:48
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Норвешка, заедно со други донатори е подготвена да инверстира 6,8 милиони евра за што побрзо, посоодветно и поцелосно искористување на информатичката технологија. Ова е истакнато на денешната средба на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија со членовите на норвешкиот Судски совет.

Како што информираат од прес-службата на Судски совет, претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, заменикот Селим Адеми и членовите Лорета Ѓорѓиева и Миљазим Мустафа, остварија работна средба со директорот на Судскиот совет на Норвешка Свен Мариус Урке, придружуван од Аудун Хогнес Берг, кој е дел од норвешкиот совет и Амра Јашаревиќ, задолжена за реформи во судствата од регионот. На средбата присуствувале и претседателот на Основниот суд, Лазар Нанев и професорката Гордана Лажетиќ, како дел од Советот за информатичко- комуникациска технологија.

На средбата, како што се наведува во соопштението, двете страни на состанокот се согласиле дека изборот на судии, нивното оценување и унапредување, кои се во надлежност на Судскиот совет, ќе бидат поцелосни и поквалитетни доколку се дигитализира целиот судски систем.

Директорот на Судскиот совет на Норвешка, Урке ја потенцираше неопходноста од целосно дигитализирање на македонскиот судски систем преку современа информатичка технологија со цел да се олесни пристапот на граѓаните до судството, но и да се создаде поефикасен, потранспарентен и понезависен судски систем. Нагласи дека целата независност на судството во Норвешка се потпира на информатичката технологија.

Од страна на претседателката на Судскиот совет, Црвенковска, норвешката делегација беше известена дека во моментот советот издвојува финансиски средства за процесот на дигитализација на судството и изрази подготвеност советот активно да учевствува во инсталирањето на нов АКМИС систем, во кој ќе бидат содржани и алатки кои до сега не ги користело македонското судство.

Членовите на Судскиот совет искажале уверување дека со целосната дигитализација и со инвестицијата во информатичка технологија ќе се обезбеди транспаретно и независно судство кое ќе го олесни давањето услуги кон граѓаните, а судските постапки ќе ги направи поотворени за јавноста, со што ќе се врати и довербата кај граѓаните.

Next Post

Кузеска: За колку тегли мед на Мицкоски пропадна најавата за 100 електрични автобуси во Скопје?

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk