ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ковачевски на Колумбија Универзитет: Мојата земја редок пример што со моќта на преговорите ги решава билатералните прашања

September 22, 2022 09:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мојата земја е редок пример на Балканот каде што насилството, војните и економските притисоци и правилото дека победува посилниот не беше случај, рече премиерот Димитар Ковачевски на предавањето на Колумбија Универзитет.

Тој во своето излагање нагласи дека Северна Македонија својата независност ја стекна по мирен пат, преку изнаоѓање решенија низ дипломатски напори.

Ако сакате да најдете место во светот каде се користат дипломатски напори тогаш тоа е Северна Македонија. Сите договори кои ги направивме во државата и со соседите се фунционални и одржливи. Тоа и даде можност на земјата да напредува во постигнувањето на своите стратешки цели, рече премиерот.

Тој нагласи дека во период од 30 години развивме демократски модел што е многу познат со функционална мултиетничка демократија.

Имаме ценет систем на Бадентеровиот принцип на двојното мнозинство. Таквата политика и механизми реално функционираат зашто се втемелени во севкупната национална политика. Значаен аспект во развивањето на овој систем е потпишувањето на Охридскиот рамковен договор кој е успешен концепт на решавање на идентитетските судири, посочи премиерот Ковачевски.

Ковачевски се осврна и на договорите со Грција и Бугарија и нагласи дека ние сме пример во регионот, но и пошироко како „меката“ дипломатија и како со моќта на преговорите можеме да ги решиме билатералните, но и прашањата поврзани со идентитетот.

Со Грција успеавме да најдеме решение за прашањето за името на државата уставното име, истовремено зачувувајќи го идентитетот и јазикот на граѓаните. Ова ни даде можност да станеме полноправна членка на НАТО, а колку е важно а се биде членка на НАТО собено во југоисточниот дел. Вториот договор со Бугарија всушност повторно беше многу емотивен, зашто обично ги делам преговорите на два големи вида, емотивни и неемотивни. Во грчките преговори не бев директно вклучен, но грчката страна преговараше на малку порационално ниво, а ние на малку поемотивно ниво, но со Бугарија, двете страни имаа емотивен пристап кон преговорите и беше потешко да се најде решение. Со помош на Европа, Франција и Германија, земји кои секогаш биле дел од олеснувањето на овие процеси успеавме да го најдеме вистинското решение за иднината, рече Ковачевски.

Во врска со војната во Украина, рече дека ја сметаат како закана за деморкатскиот свет, односно, како што рече, „таа е класичен пример за решавање на судир на идентитети, но не со мирни средства, туку со насилство и војна“.

Next Post
Бранко Тричковски

Нормално е да ве шуткаат лево-десно, додека не ве шутнат надвор од теренот на политичката борба

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk