ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ковачевски: Со субвенционирање на цената на струјата го намалуваме трошокот на граѓаните за пет пати

September 29, 2022 18:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање за енергетската криза истакна дека државата обезбедува субвенционирана цена на електричната енергија со што го намалува трошокот на граѓаните за пет пати. Исто така, премиерот посочи дека се водат интензивни преговори со странство да се обезбеди електрична енергија по пониски цени од берзанските.

„Со Србија постои можност, меѓутоа не 100% можност заради тоа што мора да биде реализирана низ мултилатерални договори бидејќи ние имаме когенеративна централа во приватна сопственост не во државна на територијата на државата. Доколку Србија успее да обезбеди поевтин гас тој гас би се донел и доколку успеат да го донесат до Северна Македонија со оглед на тоа дека интерконекторот на Жидилово е закупен на долгорочен договор од страна на ГАСПРОМ. Тој не е во сопственост ниту на Република Северна Македонија, ниту на Бугарија, ниту на Србија, туку на ГАСПРОМ Русија. Само тие можат да дадат дозвола каков и колку гас поминува низ гасоводот. Доколку се успее да се направи тоа значи дека поевтина цена на гас ќе произведе поевтина цена на електрична енергија која нормално дека ќе биде размената“, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека во Република Северна Македонија согласно закон постои регулиран пазар за електрична енергија и постои либерализиран пазар на електрична енергија. На регулираниот пазар се сите домаќинства и сите мали потрошувачи, над 70.000 компании.

„Она што ние дополнително го направивме е на регулираниот пазар, а да не се случи дисбаланс да бидат ставени основните и средните училишта а здравствените центри да бидат ставени кај ЕСМ продажба за да добијат цена на електрична енергија која што не е на краен снабдувач, односно што е помала од она што би го плаќале доколку немаат снабдувач“, рече Ковачевски.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во врска со понудените контакти од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски за обезбедување на евтина електрична енергија повика тие да се достават во Министерството за економија за да се разгледаат понудите.

„Таму има комисии, не ги гледа еден човек, какви се условите за испорака, која е според меѓународните стандарди точката на преземање, кои се цените, диспозитетот ако се работи за мазут итн итн. Доколку е најдобра понуда нормално е дека таа понуда ќе биде прифатена“, рече Ковачевски.

За справувањето со енергетската криза премиерот рече дека во изминатиот период реализирани се состаноци и во Софија, и во Белград и во Грција. На овие состаноци е договорено да нема забрана за увоз на енергенси од Грција, бидејќи Грција можеше да се случи да забрани извоз на лигнит, на јаглен и мазут бидејќи ги користи за производство на сопствена електрична енергија. Од страна на Бугарија постои волја од нивните вишоци произведени во нуклераната централа дел да бидат испорачани преку директен договор на Република Северна Македонија. Но, заради тоа што Бугарија има законска обврска согласно својот закон сите вишоци да ги продава преку берза, а цената на бугарската берза е повисока и од КУПЕКС берзата, тие мора да имаат законска измена а немаат парламент во моментов со која што ќе овозможат директен договор за продажба на базна електрична енергија и дополнително одобрување од ЕУ бидејќи Бугарија е земја членка на ЕУ.

Дополнително посочи премиерот дека се разговара со државната енергетска компанија на Турција исто така каде што бараме базна енергија и преговорите ги води Министерството за економија и за што исто така е информиран во детали претседателот на Стопанските комори на Македонија каде што се преговара за дупло поевтина електрична енергија од берзанската.

„Таму треба да се направи одобрување од турската Влада и обезбедување на прекугранични капацитети преку кои ќе дојде таа електрична енергија во Северна Македонија и компаниите за кои зборуваме во Северна Македонија да се обврзат дека таа електричната енергија ќе ја купат со оглед на тоа дека тоа ќе биде авансно платено од државата,  а тие ќе мора да ја платат за да не остане непотрошена во системот. Многу транспарентно, во детали со многу јасни бројки јас неколку пати го објаснувам ова. Она што е многу важно, секоја помош во овие услови е добредојдена, никој не одбива ништо и доколку навистина постојат такви контакти, тоа се адресите и ЕСМ и МЕ“, рече Ковачевски.

Next Post

Политико: Кој би можел да го замени Путин

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk