ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прв академски час на УКИМ со физичко присуство по две КОВИД-години

October 1, 2022 20:49
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почетокот на новата студиска 2022/2023 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје вечерва беше одбележан на Машинскиот факултет со прв академски час кој, првпат по две години, се одржа со физичко присуство.

По две години пауза поради КОВИД-пандемијата, физички се собравме на свечен час за новата генерација на УКИМ. Ниту една дигитална алатка и платформи, без кои не можевме да функционираме во изминатиот период, не може во виртуелниот простор да ја долови оваа прекрасна и трпеливо чекана атмосфера, изјави ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Машинскиот факултет денеска ги прими бруцошите од 64-та генерација. На свечениот прв час присуствуваа и дипломираните на додипломски и на постдипломски студии на овој факултет од 2019, 2020 и 2021 година.

Ректорот им посака добредојде на новите студенти, а на дипломираните – успешна кариера.

Ви посакувам срдечно добредојде на најстариот, најдобриот и најголемиот универзитет во нашата држава. Од денес свечено му припаѓате на УКИМ, а тоа е чест, но и голема обврска, затоа што знаењето, науката, талентот, креативноста и квалитетот се основни постулати во неговото работење… Ви посакувам низ студирањето да ве следат истрајноста, знаењето и желбата за ваш личен напредок и развој. Работете вредно, посветете им се максимално на студиите, соработувајте со вашите професори, соработувајте и меѓусебно, посветете се на вашата утрешнина, порача Јанкуловски.

Формиран во 1949 година со три факултети, УКИМ денес, рече тој, е заедница од 23 факултети, пет научни институти и четири јавни научни установи, како и придружни членки.

Деканот Дарко Данев соопшти дека за новата учебна година на Машинскиот факултет досега се запишани 189 нови студенти. Првиот час, рече, е и прв чекор да станат инженери и дека факултетот можеби ќе им стане и прв дом.

За да го завршите факултетот, за да магистрирате, за да бидете способни да се изборите во животот со сите проблеми и предизвици потребно е да ги имате двете основни оружја кои се одлика на сите инженери – логиката и имагинацијата, истакна Данев.

Покрај добредојде за бруцошите, факултетот, рече тој, ги испраќа и тие што дипломирале во изминатите три години „опремени со знаења и способности да го освојуваат својот простор во светот на машинството“. Им посака остварување на нивните соништа, а најмногу од сè, како што рече, посакува да се овозможат услови тие да останат во државава.

Новата академска 2022/2023 година ќе почне в понеделник, 3 октомври, кога на сите факултети на Скопскиот универзитет ќе бидат организирани први академски часови.

Next Post
Руски војници /SHEPA-EFESCH

Киев Индипендент: Белорусија се подготвува да прими руски војници и опрема

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk