ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата ќе прави дополнителни пресметки за барањата на Синдикатот на УКИМ, договорено е повторно да имаат средба

October 4, 2022 12:45
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Побараа малку време да направат одредени дополнителни пресметки зашто во периодот што доаѓа е донесувањето на Буџетот за новата година, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по средбата со премиерот и министри за нивните барања за повисоки плати и потпишување Колективен договор.

Во изјава за медиумите по средбата во Владата, Ристов рече дека тој и членови на Извршниот одбор на Синдикатот на УКИМ имале конструктивна средба со премиерот Димитар Ковачевски и министрите за  финансии и за образование и наука кои, како што рече, „заклучија дека постои од нивна страна политичка волја да излезат во пресрет на барањата на Синдикатот“

Договориле наскоро повторно Синдикатот да биде повикан на средба и очекува, рече, „конечно да биде позитивно одговорено на нашите барања“.

Средбата беше конструктивна. Ги изложивме нашите легитимни барања, аргументи. Од нивна страна беше укажано на многу тешката економска и финансиска состојба. На крајот заклучија дека постои од нивна страна политичка волја да излезат во пресрет на барањата на Синдикатот. Но, побараа малку време да направат одредени дополнителни пресметки зашто во периодот што доаѓа е донесувањето на Буџетот за новата година. Така што, во некое блиско време повторно ќе имаме средба на која ќе бидеме повикани и очекуваме, конечно, да биде позитивно одговорено на нашите барања. Затоа што ако држава не инвестира во високото образование, во науката, тогаш таа држава нема иднина, рече Ристов.

Синдикатот на Скопскиот универзитет бара надминување на исклучително тешката материјална состојба на вработените на УКИМ, бидејќи имаат најниски плати во регионот, обезбедување достоинствен живот на наставниот и ненаставниот кадар и развој на високото образование и науката. Барањата на Синдикатот се потпишување Колективен договор и постепено покачување на платите, по 25 проценти на годишно ниво, за по четири години да се достигне 100-процентно покачување.

Не се само платите, туку и науката, пристапот до бази, обезбедување литература, гостување во странство. Како вие ќе отидете со 650 евра во Лондон или во Париз, не можете да отидете ниту до Ниш на една конференција, изјави Ристов одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со зголемувањето на платите од 7 отсто, постигнато од СОНК, Ристов одговори дека  покачувањето е минимално и дека не ја тангира, како што рече, најзагрозената категорија вработени – ненаставниот кадар.

Како синдикат ги застапуваме интересите не само на наставниот кадар, туку и на ненаставниот кадар. Тие се во многу тешка и незавидна положба и токму тоа беше и клучниот аргумент за овие наши барања, дека и ним треба да им се помогне во оваа состојба, а не само на наставниот кадар, додаде  претседателот на Синдикатот на УКИМ.

Next Post
Украински тенкови. Фото: Укринформ

Би-Би-Си: Украинските сили ослободија дополнителна територија, напредуваат кон Херсон

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk