ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска од Форумот на Културните рути на Крит: Ја отвораме нашата земја за да ја надополниме богатата европска историја

October 6, 2022 10:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На оваа програма гледаме како на заедничка придобивка – преку нашите национални културни вредности да ја збогатиме колоритноста на идентитетската карта на Европа и преку дијалог и меѓусебно почитување да создадеме заеднички културен простор, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера попладне на свеченост на Форумот на Културните рути на Советот на Европа, која се одржа во Хања на Крит.

Министерството за култура денеска информира дека церемонијата ја отвори амбасадорот Патрик Енгелберг, претседавач на Статутарниот комитет на Договорот за парцијално проширување на Културните рути 2022, кој им го честиташе вклучувањето на новите членки, Северна Македонија, Либан и Албанија.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност што Северна Македонија станува дел од оваа уникатна иницијатива.

Ние сме и сакаме да бидеме и чувари и градители на европските вредности. И преку овие културни рути, ја отвораме нашата земја за да ја надополниме богатата европска историја. Веќе наоѓаме ‘станици’  во утврдените 48 културни рути – од патот на браќата Кирил и Методиј,  жените писателки, до патот на приказните;  од патот на керамиката до патот на виното и на маслинките, но имаме идеи и енергија за нови патешествија. Зошто да не и: културни рути на аквадуктите, на европските езера, на европските планински врвови, патот на јагулата, до патиштата на вкусовите кои се вкрстуваат и на трпезата нè поврзуваат, рече Костадиновска-Стојчевска.

 Досега Северна Македонија преку неколку компании  беше дел од Рутата на маслиновите дрва и Винската рута, Итер Витис. Сега, како рамноправна членка, посочува Министерството, нашата држава има широка платформа за приклучување во европските мрежи за промоција и афирмација во сите полиња на општествениот и економскиот сектор.

Културните рути овозможуваат развој во полето на културата, но и на економијата и одржливиот туристички капацитет на секоја земја, унапредување на односите и комуникацијата во заштитата на културното и природното наследство, во архитектурата и секој вид посебност што културните патеки го нудат за поврзување низ времето и просторот на Европа, користејќи ги придобивките од историјата, но и од актуелните достигнувања на секоја земја, соопшти Министерството за култура. 

Советот на Европа преку Културните рути ги унапредува и афирмира човековите права, културната различност, меѓукултурниот дијалог и меѓусебната размена преку границите.

Next Post

Мицкоски, вели, за скопјани Гаспром, за сите останати „црвен бан“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk