ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Пендаровски: Излезот и стабилноста на електроенергетскиот систем го гледам во Отворен Балкан и во регионалното вмрежување

October 8, 2022 08:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Периодот што следи ќе биде многу тежот за државата, но излезот и стабилноста на електроенергетскиот систем во земјава го гледа во регионалното вмрежување и во помош во рамки на иницијативата Отворен Балкан, вели претседателот Пендаровски.

Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Северна Македонија да стане членка на Европската Унија? – рече претседателот на Република Северна Македонија во интервју за „Слободен печат“.

Во разговорот со новинарот Зоран Иванов, Пендаровски зборуваше за домашните политички збиднувања, за надворешната политика, проблемите во правосудството, за партизираноста на институциите како и за глобалните безбедносни случувања.

Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина, вели претседателот Пендаровски.

Во контекст на актуелните безбедносни прашања околу војната во Украина, но и релациите на нашта земја со партнерите на НАТО алијансата, Пендаровски истакна дека Северна Македонија е безбедна држава и граѓаните треба да бидат спокојни, појаснувајќи дека за тоа е заслужно нашето членство во Северноатланскиот сојуз.

Надлежните институции будно ја следат состојбата со случувањата во Украина. Проценките се дека војната, за жал, ќе продолжи и зимава, но засега не се очекува некаква деескалација на конфликтот. Клучните меѓународни фактори и на нашите институции соработуваат во секоја насока за безбедносно економските случувања во Европа – вели тој.

На прашањето што ги очекува граѓаните во однос на енергетската и економската криза, Пендаровски рече дека периодот што следи ќе биде многу тежот за државата, но излезот и стабилноста на електроенергетскиот систем во земјава го гледа во регионалното вмрежување и во помош во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Договорот, што сè уште е во подготовка, Србија да ни помага со природен гас а ние да и помогнеме со струја, иако не е направен во рамките на Отворен Балкан го гледаме како шанса за енергетска стабилност на земјава. Сепак, тука сакам да истакнам дека Србија е во теснец во договорот со руски Газпром, бидејќи овој енергетски гигант ги бара сите детали – од испорачувањето на енергенсот, па сè до тоа кој ќе биде последниот корисник. Тука постојат правни дилеми кои се обидуваме да ги пребродиме со цел граѓаните, но и компаниите da бидат задоволни, а државата да го преброди овој тежок период – оцени Пендаровски, во интервјуто за „Слободен печат“.

 

Next Post

(ВИДЕО) Премиерот Ковачевски го осуди отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk