ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Таму каде што има плати далеку над просекот треба да се намалат

October 10, 2022 13:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде што има плати далеку над просекот треба да се намалат, како еден од начините за намалување на трошоците, согласно со Планот за фискална одржливост што го усвои вчера Владата за буџетските корисници.

Одговарајќи на новинарски прашања Ковачевски денеска рече дека целта на фискалниот сет мерки е преку намалување на расходите и зголемување на приходите да се ослободат финансиски средства за подобро справување со енергетската криза.

Со вчера усвоените мерки за ублажување на енергетската крзиа и ценовните притисоци од 350 милиони евра, вкупно пакетот антикризни мерки изнесува 750 милиони евра, што, потенцирапе Ковачевски, е директна финансиска помош за најранливите категории граѓани, за ликвидноста на малите и средните претпријатија и даночни олеснувања кои значат помали даночни приходи за државата.

Од друга страна, постојат претпријатија и институции во коишто се креираат загуби, а треба да се покријат од Буџетот и затоа сметаме дека менаџмент тимовите на тие претпријатија и треба да бидат на виоско одговорно ниво и да ги намалат расходите и да ги зголемат приходите. Еден од начините за намалување на трошоците, таму каде што има плати што се далеку над просекот сметам дека во услови на ваква криза треба да се намалат, а додека таму каде што приходите не соодветствуваат на она што би требало да биде, исто така да направат напори да ги зголемат приходите, изјави Ковачевски, по пуштањето во употреба на соларната електрана на ГЕНИ.

Со Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски план за консолидација на расходите.

Политиката за намалување на расходите, опфаќа Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10 проценти  во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект, односно заштеда од околу три милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи; Исто така, консолидација на расходите за стоки и услуги и нивно намалување за 20 проценти во однос на фискалната рамка за 2023 година, со фискален ефект исто така од околу три милијарди денари во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи. Се предвидува и консолидација на расходите за субвенции, трансфери, дотации и социјални надоместоци и нивно намалување за 20 проценти во однос на фискалната рамка за 2023 година. И по тој основ очекуваниот фискален ефект е околу три милијарди денари.

Next Post

Поскапуваат горивата, дизелот за три, бензините до 2,5 денари

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk