ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Васко Ковачевски: Дури и да има поскапување на струјата по Нова година, тоа ќе биде минимално

October 12, 2022 15:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку воопшто има зголемување на цената на електричната енергија по 1 јануари, тоа ќе биде минимално, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според него, со направените вложувања во изминатиот период во сопствена опрема и работата на рудниците на ЕСМ, со рационализација и операционализација на трошоците, намалена е производната цена на РЕК „Битола“ на околу 58 до 60 евра за мегават час произведена електрична енергија.

Сепак цената на електричната енергија што ја нуди ЕСМ не зависи само од РЕК „Битола“, туку и од другите наши капацитети од кои дел работат на мазут. Па затоа колкаво ќе биде поскапувањето на струјата, доколку го има, ќе зависи од цените на берзите на мазутот, но и на природниот гас што ќе биде неопходен ако во системот се вклучи да работи ТЕ-ТО, рече Ковачевски при денешната посета на рудникот „Суводол“.

Тој истакна дека од новиот коп од рудникот „Суводол“ во моментов се произведуваат и до РЕК „Битола“ се транспортираат околу 15 000 тони јаглен, нагласувајќи дека за секој од блоковите на Комбинатот дневно се потребни по 6000 тони јаглен за производство на електрична енергија, односно околу 18 000 тони доколку би работеле сите три блока.

Ковачевски најави дека на крајот на неделава ќе заврши ремонтот на Блокот 1 во РЕК „Битола“, а до крајот на месецот се очекува да стигне и трансформаторот за Блокот 3, со што од почетокот на ноември ќе може да бидат ставени во функција трите блока на РЕК „Битола“.

Не може еден бербер да плаќа иста цена на електрична енергија како и комунално јавно претпријатие или некоја друга институција, која во последно време е префрлена на регулираниот пазар, истакна Ковачевски.

Како што истакна тој, по воведувањето на блок-тарифите има намален конзум на електрична енергија и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ во своите планови бара помалку од 15 до 17 отсто енергија од АД ЕСМ. Тоа, како што истакна, позитивно ќе влијае за намалување на цената на електричната енергија, а дополнително на тоа позитивно ќе влијаат и најавите од Регулаторната комисија за енергетика дека ќе бидат воведени блок-тарифи и за малите потрошувачи со цел и тие да се стимулираат да штедат енергија.

Next Post

Резников: Со германскиот систем Ирис-Т, Украина почнува нова ера во воздушната одбрана, доаѓаат и американски НАСАМС

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk