ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Справувањето со фудбалскиот хулиганизам бара заедничка максимална професионалност во пристапот на сите релевантни фактори

October 13, 2022 11:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи денеска учествуваше на тркалезна маса на тема „Фудбалски хулиганизам: македонски  и регионални искуства и запознавање со глобалниот индекс на организиран криминал“ во организација на Факултетот за безбедност и Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал (GI TOC). Целта на дискусијата на тркалезната маса беше да се стави фокус на фудбалскиот хулиганизам, како важно безбедносно прашање, бидејќи многу често насилството и немирите со висока димензија бараат регионална и меѓународна полициска соработка. На настанот беше презентиран и Годишниот извештај на глобалниот индекс на организиран криминал.

Министерот Спасовски истакна дека иако досега се направени голем број на анализи со цел надминување на спортскиот, па и фудбалскиот хулиганизам како најприсутен, сепак тој останува да биде општествен проблем, кој има тенденција да биде сериозна закана за општата безбедност, соопшти МВР.

„Во Република Северна Македонија имало случаи на насилство на фудбалските стадиони, независно од тоа што станува збор за полесни облици на спортски хулиганизам, па затоа неопходен е соодветен третман од страна на државата. Поучени од искуствата на земјите од регионот, но и на високоразвиените европски земји, каде спортот има силно влијание врз општите текови во државата, фудбалскиот хулиганизам со својата неконтролираност може да предизвика далекусежни негативни последици кои што можат да се чувствуваат на подолг временски период“, потенцираше министерот Спасовски.

Спасовски го посочи фактот дека во однос на фудбалскиот хулиганизам кај нас, видливи се напорите да се покрене широка превентивна општествена акција за ублажување на последиците на овој општествен феномен, но сепак, мора да се има предвид дека станува збор за долготраен и сложен процес, кој бара многу време, трпение, но и материјални ресурси.

„Секако, битна претпоставка за успешно водење на процесот е тој да биде плански и програмски ориентиран, со јасно зацртани цели, задачи и мерки. Ваквиот пристап е потребен од едноставна причина што ниеден надлежен субјект не може поoдделно да се справи со оваа негативна општествена појава, па во таа смисла, особено значајна е улогата на спортските клубови, навивачките групи, полицијата, редарските служби, но и на политичките партии, судството, медиумите, невладините организации, училиштата и други“, ја нагласи неопходноста од заедничко делување на општествените чинители  министерот Спасовски.

Притоа, беше посочена круцијалната улогата на полицијата во спречување на секаков облик на спортско насилство, преку собирање оперативни сознанија, соодветна проценка на ризик, создавање „ситуациона“ слика за извршување на својата безбедносна задача. Во таа насока Спасовски подвлече: „Следејќи го специфичниот делокруг на работа на полицијата при обезбедување на големите фудбалски настани, досегашните искуства покажаа дека максималната професионалност во пристапот кон овој проблем е императив за да се овозможи навремено воочување и отстранување на сите потенцијални закани, ризици и опасности“.

На тркалезната маса беше презентиран и Извештајот на глобалниот индекс на организиран криминал, при што беше потенцирана силната посветеност во борбата со организираниот крминал и корупцијата, посветеноста кон реформите, генерално,  наспроти мртвата точка во овој сегмент, на која државата беше застаната во период од над десет години.

Next Post

Маричиќ: ЕК нотира слобода на критичкото новинарство

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk