ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тасевска, СДСМ: 350 милиони евра за мерки за помош на над 200.000 граѓани

October 13, 2022 12:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„СДСМ преку владата и парламентарното мнозинство презема мерки за заштита на животниот стандард на сите граѓани, во време на светска економска и енергетска криза“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Подготвен е нов пакет на аниткризни мерки вреден 350 милиони евра кој е насочен пред се кон ранливите категории граѓани и оние семејства со ниски примања.

42.000 граѓани од ранливите категории во следните четири месеци ќе добиваат по 3.000 денари.

Истовремено, потсетуваме дека се уште активна мерката за субвенционирање на сметките за електрична енергија на семејствата со ниски примања, за што се издвоени 60 милиони денари.

Помош од 6.000 денари за период од четири месеци ќе добиваат 92.000 пензионери со пензии до 11.525 денари, додека помош од 3.000 денари за истиот период ќе добиваат и над 66.000 пензионери чија пензија изнесува помеѓу 11.526 и 14.000 денари.

Сите овие мерки опфаќаат над 200.000 наши сограѓани кои во оваа криза имаат најмногу потреба од помош од државата.

Во пакетот мерки опфатени се и компаниите, а нов сет мерки посебно наменет за домашните компании кои произведуваат основни продукти, ќе се реализира најдоцна до први декември.

Важно е да се напомене дека во сила останува на сила мерката за субвенционирање на сметките за струја до 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи, како и тоа дека ДДВ за електрична енергија останува на пет отсто.

Грижата на СДСМ за граѓаните е јасна и видлива.

Годинава, за антикризни мерки за помош одвоени се над 750 милиони евра.

Нашата државата има одвоено најмногу средства за мерки за помош како процент од БДП, споредено со другите држави од Западен Балкан.

Согласно проценките од Групацијата на Светска банка, Северна Македонија како средства за мерки за помош има одвоено 5 проценти од БДП, што е многу повеќе отколку другите држави, каде во Србија тој процент е 2,5, во Косово 2,1, додека во Црна Гора тоа е само 0,1 отсто од БДП.

Ова е уште еден показател за нашата подготвеност да се справиме со сите предизвици од глобалните кризи.

Грижата за сите продолжува, никој нема да биде оставен сам во време на криза“, изјави Тасевска.

Next Post

ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk