ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери-Келин: Швајцарија е најголемиот донатор за поддршка на реформите за демократски развој на земјата

October 13, 2022 14:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денес е домаќин на Претседателката на Националниот совет на швајцарскиот парламент, Ирене Келин и со неа имаше кратка тет-а-тет средба и средба во поширок состав, односно швајцарската делегација, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, претседателот на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентот на Швајцарската конфедерација, Берат Ајдари, генералната секретарка на Собранието Иванова и други присутни.

Џафери им посака добредојде на почитуваните гости при што го нагласи отворениот, интензивен и пријателски однос помеѓу двете земји, за што го издвои како посебен и придонесот на нашата голема дијаспора која е високо интегрирана во Швајцарија. Иако Швајцарија не е членка на НАТО и Европската Унија, сепак силно ја подржува Република Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. Таа е најголемиот донатор за поддршка на реформите за демократски развој на институциите и економскиот напредок на земјата. Конкретно, во Собранието се спроведува 10-годишната стратегија од Програмата за поддршка на Парламентот со што ќе се зголеми  во голема мера ефикасноста, транспарентноста и отвореноста на законодавниот дом кон јавноста.

Џафери ја информираше претседателката Келин за ставот на Република Северна Македонија во однос на Украина, односно за донесувањето на Декларацијата за осуда на руската агресија во Украина, со придружување кон санкциите од Европската унија и давање морална, материјална и друга помош на Украина во нејзината борба за слобода и демократија.

Претседателката на Националниот совет на швајцарскиот парламент, Ирене Келин, се заблагодари за топлиот прием и изрази задоволство од повторната средба со претседателот Џафери, по нивната заедничка посета на разрушениот Киев. Таа пројави интерес за процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската унија и упати честитки за постигнатиот напредок при што, повторно ја изрази спремноста на Швајцарија да ја подржи нашата земја во тие напори.

Во однос на Украина, рече претседателката Келин, иако Швајцарија не е членка на НАТО и Европската Унија, ја осудува агресијата и ги подржува санкциите кон Русија, иако поради нејзиниот неутрален статус, таа поддршка се ограничува само на економска и хуманитарна, не и воена помош.

Двајцата соговорници констатираа дека треба да се интензивира комуникацијата на сите фактори кои можат да придонесат во правец на зголемување на трговската размена и швајцарските инвестиции во нашата земја за и економските односи да ги рефлектираат одличните билатерални и мултилатерални односи меѓу двете земји.

Next Post

Зелено светло од Советот на ЕУ за потпишување на Фронтекс со Северна Македонија

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk