Информациите не се потврдени од неутрални извори, а официјална потврда нема ниту од украинската армија, ниту од Кабинетот на украинскиот претседател.
Регионите Херсон, Доњецк и Луганск, заедно со Запорижја, беа „анектирани“ од Русија на крајот на минатиот месец, во мигови кога се спроведуваше контраофанзива на украинските сили во три насоки на фронтот, и тоа кон североисток, исток и кон југ. Руските „анексии“ беа наречени нелегални и од Кијив и од Западот.
Рускиот гувернер на украинската област Херсон вчера апелираше до населението да ја напушти областа поради продолжените борби меѓу руските и украинските сили.
Украина започна контраофанзива на крајот на август за да ги истера руските сили од окупираните територии заземени на почетокот на инвазијата во февруари.