Директорот на „Франс фудбал“, Паскал Фере, изјави дека не сака да прогнозира кој ќе ја освои наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер во светот во минатата сезона, јавија француските медиуми.
Списанието „Франс фудбал“ оваа награда ја доделува од 1956 година, а годинава најголем фаворит за признанието е напаѓачот на Реал, Карим Бензема.
Фере истакна дека зад Бензема стои силен клуб, кој „знае како да организира кампања“.
Флорентино Перез добро организира кампањи, на тивок начин, и сè што работи е легитимно. Кампањата не го одлучува победникот, но може да те принуди да се чувствуваш како губитник. Стратегијата на Реал е да поддржува еден фудбалер. Со години тоа беше Кристијано Роналдо, а сега е Карим Бензема. Тоа спречува гласовите да се разводнат. Тие знаат како ова функционира. Не е случајно што овој клуб има освоено најмногу „Златни топки“, објасни директорот на „Франс фудбал“.





