Норвешката полиција вчера уапси руски државјанин на аеродромот во арктичкиот град Тромс и го обвини дека со дрон снимал важни инсталации. Ова е второ такво апсење оваа недела.
Според Скај њуз, полицијата од 51-годишен маж запленила дрон, неколку мемориски картички и поголемо количество фотографска опрема. Мажот признал дека користел дрон во Норвешка, што е забрането со законот за санкции за руските граѓани и компании.
Меѓу запленетите материјали што ги прегледавме, видовме фотографии од аеродромот Киркенес и од хеликоптер Бел на нашите одбранбени сили, изјави обвинителот Џејкоб Берг.
Во случајот се вклучила и Норвешката полициска служба за безбедност (ПСТ), истакна Берг. Полицијата побарала од судот уапсениот да биде задржан во притвор четири недели.
Уапсениот на полицијата и рекол дека влегол во Норвешка еден ден пред да биде уапсен на граничниот премин Сторски и се упатил кон арктичкиот архипелаг Свалбард.





