ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Канонизација на новиот македонски светител Кирил Лешочки

October 16, 2022 09:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На света божествена литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“, денеска ќе биде канонизиран македонскиот просветител и игумен лешочки Кирил Пејчиновиќ. Чествувањето ќе почне во 7:30 часот со Воскресна утрена богослужба, во 8:30 е пречекот на Архиепископот г.г Стефан и архијереите на МПЦ – ОА, а потоа од 9:00 часот почнува Светата божествена литургија и прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светител Кирил Лешочки.

Верниците ќе имаат можност да пристапат, за време на литургијата и по неа, на поклонение до кивотот каде ќе бидат изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Од Тетовско-гостиварската епархија апелираат за почитување на воспоставениот ред во храмот, со цел да се запази поредокот на литургијата и да им се овозможи на сите да се поклонат и да испросат молитвено застапништво од преподобниот Кирил Лешочки.

Првата икона со ликот на преподобен Кирил Лешочки е изработена од зографот Кирил Златанов од Скопје.

Автор на архетипната и официјална икона на преподобниот Кирил Пејчиновиќ е Кирил Златанов од Скопје. Иконата е одобрена од комисијата за канонизација на светители на МПЦ. Иконата нема за цел да биде фотографија туку таа го изобразува Обожениот лик на светителот во Царството небесно. Според архетипната икона, се очекува и друго автори зографи да направат икони на преподобен Кирил Пејчиновиќ, информираат од Тетовко-гостиварската епархија.

Канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во диптихот на светите започна синоќа со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј“.

Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ ширум татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години, порачаа од Тетовско-гостиварската православна епархија.
Епархијата ги известува граѓаните и верниците дека денеска од 6 до 12 часот околу тетовската соборна црква ќе има посебен сообраќаен и безбедносен режим.
Кирил Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок, а потоа во дебарскиот манастир „Свети Јован Бигорски”. Откако татко му го продал имотот во Теарце, задено со Кирил отишле во Света Гора каде што се замонашиле. По извесно време Кирил се вратил во Тетово, а оттаму во кичевскиот манастир „Света Богородица Пречиста“.

Во 1801 година станал игумен на Марковиот манастир во близина на Скопје. Тој го обновил оштетениот манастир и собирал стари текстови со што ја збогатил манастирската библиотека. Отворил манастирско училиште, а тука ја напишал и својата прва книга „Огледало“, печатена во Будим 1816 година.

Во Марков манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина години, по што се вратил во родното Теарце. Го обновил Лешочкиот манастир со помош на верниците и отворил училиште во кое го подучувал локалното население.

Кирил Пејчиновиќ се упокоил на 12 март 1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор.

Големиот македонски просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир, освен „Огледало“, ги напишал и делата: „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и „Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча.

 

Next Post

Прв „Фестивал на инклузија" за креативноста и уметноста на лицата со попреченост

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk