ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Топланите и дистрибутивната мрежа се 100-процентно функционални

October 16, 2022 14:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Топланите и дистрибутивната мрежа се 100 отсто функционални, односно кај нив не се евидентирани никакви дефекти, изјави денеска помошник директорката за производство од АД ЕСМ Александра Маројевиќ.

Таа појасни дека секој почетокот на грејната сезона е период кога се јавуваат многу дефекти во потстаниците, како и кај внатрешните инсталации во домовите на потрошувачите.

Во  текот на вчерашниот ден и денеска претпладне, како што информира Маројевиќ, пријавени се околу 600 дефекти од корисници на топлинска енергија, а најголем број дефекти се однесуваат на истекување од внатрешни инсталации.

Овие дефекти не можат да се предвидат од наша страна, ниту од страна на корисниците. Во моментов се направени 77 такви интервенции. Во таков случај нашите екипи ја прекинуваат испораката на топлинска енергија во тие потстаници се додека кај корисниците не се отстранат дефектите од истекувањето, појасни Маројевиќ, која денеска заедно со сервисна екипа беше во посетата на станбена зграда во скопската населба „Пролет“ од каде имале пријава за ладни радијатори.

Појасни дека причина за ладни радијатори се дефекти во топлински потстаници, како и најразличлни запушувања на радијаторите, запушување на воздух, запуштен пречистувач, откажување на пумпи итн.

Тие интервенции веднаш се проследуваат на терен. Приоритет на сервисните екипи на терен имаат рекламациите за течење, со оглед дека тие можат да предизвикаат материјална штета во домовите. Сите останати рекламации за немање греење, односно ладни радијатори се извршуваат од сервисните служби на терен по редослед „прв јавен, прв услужен“, појасни Маројевиќ.

Во однос на испораката на топлинската енергија во поладневните часови, таа посочи дека вчера, а најверојатно и денес попладне нема да се врши испорака бидејќи надворешните температури се високи.

Млаките радијатори во овој период и во наредниот не се дефект, туку се рационална испорака на топлинска енергија согласно правилата, со цел во објектите да се исполни 20+1 степен Целзиусов. Како ќе паѓаат надворешните температури, така и обемот на испорачана топлинска енергија низ грејните тела ќе се зголемува, појасни Маројевиќ.

На прашање во врска со најавата за замена на природниот гас со дизел гориво, Маројевиќ информира дека во овој период топланите се подготвуваат да работат со алтернативно гориво – дизел.

Во врска со достапноста на дизел горивото за производство на топлинска енергија, освен реконструкциите кои течат сега во производните капацитети, ние сметаме дека има доволно средства да си набавиме сами дизел гориво или да ги користиме расположивите средства во државните резерви, кои според наши информации се околу 105 милиони килограми. Тоа се количини кои ќе ја покријат целата грејна сезона со 50 отсто од нивната количина, рече Маројевиќ.

Анализите, како што посочи, покажале дека дизелот покрај тоа што е подостапен за користење за производство на топлинска енергија, тој е и еколошки поподобен.

Таа рече дека главна определба им е да обезбедат природен гас, кој е најеколошки по добра цена, а дизелот е алтернативно гориво. – За да нема прекин во снабдувањето со топлинска енергија мора да сме подготвени да користиме алтернативно гориво, додаде Маројевиќ.

Граѓаните на Скопје од 1965 година се грејат на централен систем кој, како што рече директорката за производство од АД ЕСМ Александра Маројевиќ,  е надграде и проширен со цел за негова поголема оптимизација.

Next Post

Османи: На Ангел Димитров му препорачувам да се занимава со историја, а не со политика

Најново

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

Транспарентен избор или партиска директива? Ристоски на чело на МРТ, Филипче реагира: „Пријател на Мицкоски е директор на јавниот сервис“

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk