ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(ВИДЕО) 15 години од премиерата на „Превртено“ на Игор Иванов Изи

October 18, 2022 10:15
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Милан Тоциновски во „Превртено“

Милан Тоциновски во „Превртено“

Share on FacebookShare on Twitter

На 20 октомври (четврток) со почеток во 20 часот во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи, по повод 15 години од неговата премиера.

Филмот „Превртено“ е дебитанстки долгометражен игран филм на Иванов и беше премиерно прикажан во 2007 година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка. Овој филм беше во конкуренција за наградата „East of West Award“; и тој момент беше своевидна потврда за сета претходна работа на овој наш филмски автор. Иванов тогаш, не некој начин – ја „завери“ таа потврда, кога со неговиот „Превртено“, малку подоцна, ја освои Наградата за најдобра режија, на фестивалот во Валенсија (Шпанија) – Mostra de València-Cinema del Mediterrani; потоа, Иванов, таа нагорна линија ја продолжи и со неговите подоцнежни остварувања – пред сè, со долгометражните играни наслови „Соба со пијано“ (2013) и „Хомо“ (2020), потоа со долгометражниот документарен „Кобра“  (2018), како и со ангажманот како режисер/креативен директор во ТВ сериите „Преспав“ , „Инсајдер“.  Денес, Иванов е едно од водечките режисерски имиња на македонската кинематографија, со десетици награди и признанија на светските филмски фестивали.

„Превртено“ ја имаше македонската премиера на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола 2007 година и е еден од последните македонски играни филмови снимени на 35мм лента. Филмот е работен според романот „Папокот на светот“ на Венко Андоновски (кој е и косценарист). „Превртено“ е приказна за Јан Лудвик, млад човек кој ѝ припаѓа на загубената транзициска генерација во нашето општество – генерација родена во социјализмот, но живее и е сведок на рудиментарниот капитализам. Неговиот анархичен став кон животот го доведува до безизлезни ситуации, во кои не може да се реализира себеси. Меѓутоа, додека вистинските анархисти дејствуваат и ја менуваат свеста на својата околина преку акции, Јан можеби знае што не сака, но не знае што сака – момент што го става во позиција на „изгубен лик од нашата околина“…

Станува збор за урбана приказна, раскажана преку колоквијален говор, за животот на младите луѓе во Скопје, на почетокот на деведесеттите години на XX век, во периодот на почетокот на транзицијата, во која се вклучени повеќе елементи што се симбол на поп-културата: рок музика, стрипови, употреба на лесни дроги, итн. Приказната, со интересно имплементирани фантастични елементи, е раскажана преку гледната точка на главниот лик Јан, во еден вид на реминисценција – сеќавање на неговото минато, додека тој патува дома со воз, а всушност – тоа духот на Јан, одосно неговата душа, која го придружува неговото мртво тело на патот кон дома – се сеќава на својот живот: средношколецот Јан, кој живее со татко си, нема некои конкретни, цврсти, помали или поголеми амбиции во животот; Павел, неговиот другар, е нешто повеќе заинтересиран да успее во животот, а Луција, нивната соученичка, е мистериозна девојка со која Јан се обидува да оствари врска. Тоталитарното влијание на политиката врз животот на младите луѓе е претставено преку инсистирањето за зачленување во владејачката Партија на националниот дух, што Јан го одбива, додека Павел и Луција се зачленуваат. Заради одбивањето да се вклопи во доминантната матрица, Јан е санкциониран од „невидливите“ општествени темни сили, прво со ќотек, а потоа и со обид да биде обвинет за убиство, по што тој ја напушта земјата и заминува со циркусот што престојува во неговиот град…

лавните улоги ги толкуваат Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Елена Серафимовиќ, Јордан Симонов, Ѓорѓи Јолевски и Инес Бојаниќ, а во споредните ролји се Силвија Јовановска-Стојановска, Петар Мирчевски, Лабина Митевска, Камка Тоциновски, итн…

Директор на фотографија е Томи Салковски; монтажер е Игор Андреевски; сценографијата е на Иван Бартлинг и Игор Тошевски, костимите на Бланка Будак, а музиката е на Зоран Спасовски.

Филмот е продуциран со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Република Хрватска, Министерството за култура на Република Србија, The Global Film Initiative и Македонската радиотелевизија. Продуценти се „Сектор филм“ – Скопје, Mainframe Production и Cinears.

Next Post

Џефри Пајат ја истакна важноста на интерконекторот ИГБ со кој Балканот добива сигурна порта за диверзифициран гас

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk